пудинг со чија семе

Здрав чоколаден пудинг со чиа семе

Ви приготвивме здрав и многу вкусен чоколаден пудинг со чиа семе кој се прави за само 5 минути. Креиравме идеална комбинација за сите љубители на чоколадо, но и на здрава храна.

Овој здрав, чоколаден пудинг има неколку предности. Направен е со бадемово млеко, не содржи шеќер и не е потребно да се вари. За да го збогатиме нутритивниот состав додадовме SLC Meal Replacement од чоколадо, кој има низок гликемиски индекс и го регулира нивото на шеќер во крвта, со што се губи чувството на глад, дава ситост и намален апетит. Исто така го штити имунолошкиот систем поради присуството на важни микро и макро хранливи материи кои се неопходни за нормално дневно функционирање на телото. Овој заменски оброк е дизајниран да ја намали и одржува тежината, а ќе ви помогне да постигнете поголема потрошувачка на енергија од било која друга рестриктивна диета. Може да си го направите за појадок или ужина!

Имаме изненадување за вас! Нашите пријатели од Slim Line Club го слават својот роденден со попусти на сите производи. Купете го SLC Meal Replacement од чоколадо преку онлајн продавницата на Slim Line Club со роденденски попуст или јавете се на телефоните: 078 215 929 и 02 270 0028.

здрав чоколаден пудинг

Што се однесува до нутритивната анализа на чоколадниот пудинг, еве го составот. Една порција содржи 293 калории, 32 грама јагленихидрати, 13 грама здрави масти и 18 грама протеини.

Состојки:

  • ¾ чаша бадемово млеко
  • 2 лажици чиа семе
  • 2 лажици SLC Meal Replacement од чоколадо (може да го купите преку онлајн продавницата Slim Line Club или јавете се на телефоните: 078 215 929 и 02 270 0028)
  • 2 лажици чоколадно какао
  • стевиа или друг засладувач по вкус.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете го бадемовото млеко и додајте го чиа семето. Блендирајте за време од 30 секунди.
  2. Потоа, во блендерот додајте ги преостанатите состојки. Блендирајте додека се добие пудинг. Доколку смесата е многу густа додајте уште малку млеко.
  3. Пудингот ставете го во садови и оставете го во фрижидер за време од 60 минути или преку ноќ. На здравје!
пудинг со чиа семе

Ви предлагаме да прочитате: Чоколаден мус со SLC Meal Replacement од чоколадо – хранлив заменски оброк.

Сподели: