Зелено детокс смути со киви и спирулина

Празниците се при крај, па време е да започнеме со детоксикација на организмот. А тоа најдобро е да го направиме со консумација на супер храна како спирулината, чиа семето, но и свежото овошје и зеленчукот. За да ја постигнете таа цел ви предлагаме одличен рецепт за зелено детокс смути со киви и спирулина.

Еве неколку причини кои ќе ве мотивираат да го направите ова смути.

Киви

Кивито е многу здраво овошје богато со хранливи состојки. Содржи голема количина на антиоксиданси, флавоноиди и фитонутриенти, како и растителни влакна. Овие зелени овошки се добар извор со витамин Ц и витамин Е.

Spirulina Pacifica

Spirulina Pacifica го прочистува и храни телото, балансира и дава поголема енергија, зајакнува и заштитува, обновува и подмладува. Содржи сѐ што ви е потребно за здрав живот, повеќе од било кој друг протеин, житарка, растение, алга, билка, витамин. Се нарекува кралица на алгите и супер храна за долг живот.

Може да ве интересира: Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Чиа семе

Семето од чиа помага за побрзо поминување на храната низ дигестивниот систем, подобро и полесно празнење на цревата. Благодарение на способноста да го зголемува волуменот на храната за 10 пати, семето од чиа допринесува да се чувствувате сити и доколку сте изеле помала порција на храна.

смути со киви и спирулина

Состојки:

  • 2 киви
  • ½ банана
  • ½ чаша сечкана краставица по желба
  • 10-тина листови спанаќ
  • ½ лимон без кора
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 мала лажичка Spirulina Pacifica во прав
  • 1½ чаша вода, кокосова вода или растително млеко по желба.

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки. Миксирајте додека добиете хомогена смеса. Готовото детокс смути со киви и спирулина послужете го веднаш. На здравје!

Совети плус

Доколку имате блендер со помала јачина, прво ставете ја водата, чиата и спирулината, кратко изблендирајте, а потоа додајте ги останатите состојки, исечкани на помали коцки.

Spirulina pacifica во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во паковања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатана достава.

Ви предлагаме да прочитате: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Сподели: