Зимски водич за здраво и мазно лице 1

Зимски водич за здраво и мазно лице

Сакате да заблескате оваа сезона и да имате здраво и мазно лице? На вистинското место сте! Тука сме да ги споделиме најдобрите совети за да имате мазна и чиста кожа на лицето за ладните денови.

Зимското време не влијае погодно на кожата. Ова е посебно забележливо во земјите каде што зимите се суви, па поради тоа влијанието врз кожата е поголемо и знаците на стареење се забрзани. Како резултат на тоа, поради загубата на влажноста на кожата и нејзината сезонска дехидрираност, линиите на лицето стануваат повпечатливи. Има неколку работи што можеме да ги направиме за да ја заштитиме нашата кожа за време на зимските месеци.

Зимски водич за здраво и мазно лице 2

Важни совети кои ги издвоивме како зимскиот водич за здраво и мазно лице

Пијте доволно вода за да ја хидрирате кожата одвнатре

Хидратацијата во лето е прилично очекувана постапка, но како што заладува, консумирањето на дневната доза вода не секогаш е врвен приоритет , а треба да биде. Носете шише со вода секогаш кога излегувате. Ако не можете да пиете многу вода, препорачуваме да пиете топол чај.  Топлиот чај е, исто така одличен за хидратација , погоден за пиење и делотворен кога е многу студено. Како и да е, не дозволувајте кожата да остане жедна.

Негувајте ја кожата со пилинг

Во зима е препорачливо е повремено да се користи благо триење на кожата за да се отстранат вишокот мртви клетки. Всушност, употребата на пилингот е понеопходна во зима во споредба со летото. Додатете го овој ритуал во секојдневната рутина на чистење и до трипати неделно. Не само што ќе се чувствувате свежо, вашата кожа ќе биде ослободена од старите мртви клетки. По направениот нежен пилинг, кожата е спремни за хидратација.

Ставајте маска за лице

За да ја задржите влажна и нахранета вашата кожа, користете маска за нејзино хранење барем два пати неделно. За оваа намена ви препорачуваме да ја пробате маската за лице SLC Pure Skin Multi Peptide Mask . Таа содржи мултипептиди и Hydrolyzed Sclerotium Gum, комбинирани со мигдалична киселина и растворлив Е витамин. Оваа маска за убавина е формулирана така да ги избрише знаците на оштетување на кожата од стареење и да и помогне за да се обнови и да добие младешки тен. Hydrolyzed Sclerotium Gum помага да се подобри текстурата на кожата и да се натопи целосно рожнатиот слој на кожата (горниот дел на епидермисот во кој се наоѓаат слоеви на мртви кожни клетки, како и порите на лијните и потните жлезди). Исто така, ја навлажнува кожната отпорна мембрана , ја прави мека како свила, целосно се апсорбира во структурата на кожата и создава одлично чувство на свежина и мазност при допир.

Пробајте тоник за чистење и освежувачки тоник

Употребата на тоник помага за нечистотиите и непотребните масни наслаги на кожата да бидат веднаш отстранети. Побарајте ги двата тоника SLC PureSkin Cleansing Toner и SLC PureSkin Compact Toner кои се дел од луксузниот SLC PureSkin Set. Редовна употреба на тонерите доведува до сјаен и мазен тен на лицето, темелно чиста кожа, како и намалување на појавата на нови акни и нечистотии.

Нанесувајте крем со заштите фактор од сонцето

И покрај редовната нега, зимското сонце во комбинација со отсјајот од снегот, сепак може да ја оштетат кожата. За да се заштитите што повеќе, 30-тина минути пред да излезете од дома, на лицето и рацете како најизложени на сонцето, нанесете заштитен крем од сонце со заштитен фактор 15 или повеќе. Обично овој фактор е обележан со ознаката SPF на паковањето. Ако останувате надвор подолго време, нанесувајте повеќе пати и почесто.

Ви препорачуваме да прочитате: За дамите над 40 години: ефикасни совети за убаво лице.

Сподели: