зошто настануваат брчките

Зошто настануваат брчките и како да ги отстраните?

Сигурно знаете дека како што одминуваат годините, брчките стануваат се повидливи. Но, дали се имате запрашано зошто настануваат брчките и како може да ги отстраните? Почнувајќи отприлика на 25 годишна возраст од животот, на површината на кожата се јавуваат видливи знаци на стареење. Во тие години се успоруваат процесите во кожата, а структурите почнуваат да слабеат. Започнува да се менува количината на супстанции кои ја затегнуваат кожата и ја прават мека. Ова е последица од комбинацијата на внатрешни процеси на стареење на организмот и влијанието на надворешните фактори.

Еден од очигледните знаци за стареење се брчките, кои стануваат се подлабоки како што времето поминува. Постојат бројни начини како да се делува на нив, како неинвазивно така и инвазивно. Некои нудат моментален бенефит, а некои долготрајни резултати.

Зошто настануваат брчките и каде се појавуваат?

Кога старееме, количината на супстанции кои ја одржуваат кожата млада и мека се намалуваат. Тука спаѓа колагенот, еластинот и хијалуронската киселина. Кај младите, правилниот распоред на дермалното ткиво и големите залихи на колаген и еластин, придонесуваат за добрата структура, па тогаш кожата изгледа изедначено и цврсто. Со текот на времето внатрешните процеси на стареење предодредени од нашите гени, заедно со оксидативниот стрес предизвикан од надворешните фактори, на пример заради изложување на сонце, почнуваат да влијаат на изгледот на кожата. Годишно, нивото на колагенот се смалува за 1% и тоа во неорганизиран распоред на дермалното ткиво што доведува до губиток на јачината на кожата и појава на брчки.

брчки

Уште еден клучен фактор во настанување на брчките е се послабото производство на хијалуронска киселина. Тоа е сврзна супстанција која ги обвиткува клетките и дава младешки изглед. Со слабеењето на таа супстанца кожата станува подложна на брчки. Овие процеси на општо стареење придонесуваат за губење на густината и волуменот.

За разлика од губењето на волуменот, густината, цврстината, еластичноста, брчките се впечатливи и изразени како линии или набори на лицето. Обично прво стануваат видливи во одредени подрачја:

  • На челото може да забележите хоризонтални линии и брчки меѓу веѓите. Почнуваат како мимични брчки и дел секако се последица на изразите на лицето и гримасите кои ги правиме. Со текот на времето се продлабочуваат.
  • Во надворешните агли на очите се јавуваат фини линии кои подоцна стануваат изразени. Познати како бори настанати од смеење. Тие се забележуваат први зошто танката кожа е посклона на брчки за разлика од другите делови на лицето.
  • Помеѓу носот и устата се подлабоки брчки кои ги поврзуваат тие два делови од лицето. Се јавуваат заради губење на волуменот кој повторно е знак за опуштање на кожата, познати како назолабијални набори.
  • На челото со текот на времето се јавуваат брчки, но не како последица на изразите на лицето. Прво се јавуваат како структура на изглед на креп хартија. Намалената густина и еластичност се главни за нивната изразена видливост. Се јавуваат било каде на лицето, но најмногу доаѓаат до израз во подрачјето под очите.

Која храна помага против брчки?

Гените играат важна улога во процесот на стареење и појавата на брчки, но подеднакво важен фактор е храната која се внесува во телото. Ние не можеме да го победиме целосно овој природен процес, но затоа можеме да го одложиме нашето стареење со исхрана која е богата со антиоксиданси. Освен тоа, важно е да се избегнува храна која е масна и содржи високо ниво на јагленихидрати, додека пак овошјето, зеленчукот, житарките и гравот, се ваши сојузници во постојаната борбата против стареењето.

Ново и брзо решение против брчки

Нашите пријатели од Slim Line Club имаат брзо и неинвазивно решение за брзо и моментално отстранување на брчките. Тоа е SLC Instant Eye Lift. Микрокрем против брчки и подочни кесиња за беспрекорен изглед! Компактна, но сепак моќна алтернатива за да ја зајакнете кожата оштетена од слободни радикали или надворешно оштетување.

SLC Instant Eye Lift претставува моќен микрокрем против брчки кој делува брзо и ефикасно во намалувањето на видливите знаци на стареењето. За помалку од 2 минути, SLC Instant Eye Lift ја освежува кожата и го минимизира изгледот и појавата на фините линии, брчки и пори за беспрекорен финиш.

Придобивки:

  • забележително ја намалува видливоста и појавата на дискретни линии и брчки
  • ја отстранува видливоста на темните кругови и надуеност под очите
  • ја минимизира видливоста на порите
  • помага во изедначувањето на текстурата на кожата
  •  ја матира кожата за беспрекорен финиш
  • го обновува нормалниот изглед на кожата.

За повеќе информации за моќниот микрокрем против брчки, посетете ја онлајн продавницата на Slim Line Club или јавете се на телефоните 078 215 929 или 02 270 0028, за да дознаете повеќе совети и  информации. А може да ја искористите и можноста за бесплатно да учествувате на кариерна обука,  која ќе се одржи на 17-ти Мај во просториите на Slim Line Club. Дојдете и поведете ги вашите пријатели.

Ви предлагаме да прочитате: За дамите над 40 години: ефикасни совети за убаво лице.

Сподели: