Зошто треба да се јаде кравјо сирење 1

Зошто треба да се јаде кравјо сирење?

Хит и хранлив производ за сите сезони! Веќе на големо се зборува, кои се топ производите кои секој од нас, треба да ги конзумира периодот пред летото? Малкумина знаат за позитивните својства на еден млечен производ, кој подеднакво треба да биде застапен на вашата трпеза преку целата година. Станува збор за задолжителниот додаток на секоја шопска и македонска салата, здравото и корисно кравјо сирење!

Покрај тоа што кравјото сирење е вкусно, тоа е и здраво! Во нашата традиционална кујна е застапено и оди во комбинација со разни типови на храна.

Зошто треба да се јаде кравјо сирење 2

Научниците одамна потврдија дека кравјото сирење е богато со протеини и има огромна хранлива вредност, препорачлива за секоја возраст! Истражувањата покажуваат дека кравјото сирење содржи хранливи масти и јаглехидрати. Токму затоа претставува добар извор на витамини и минерали, пред се калциум, фосфор и магнезиум. Сето ова придонесува кравјото сирење да се рангира како висококвалитетна намирница, која ги соддржи сите есенцијални аминокиселини и е одлична замена за месото во голем број случаи.

Многумина погрешно стравуваат дека млечните производи не се добри за нивната идеална тежина, но се повеќе нутриционисти укажуваат на важноста на јогуртот или сирењето во борбата со вишокот килограми! Тие напоменуваат и дека кравјото сирење има најниска енергетска вредност меѓу сирењата. Но, најважно од се, е да се внесува внимателно одбрано сирење. Веќе 15 години Млекара Здравје Радово, кравјото сирење го прави по стар традиционален рецепт,  а во модерен капацитет и исполнувајќи ги најсовремените светски стандарди. Кравјото сирење на Здравје се прави, 100% од свежо домашно млеко од фарми и фармери од нашата земја. Токму затоа е и вистинска препорака за секој дел од годината. Како што велат и од самата компанија: Кога е во прашање здравјето, нема компромис! На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни пинерлии со сирење.

Сподели: