Имајте чист фрижидер за 15 минути 1

Имајте чист фрижидер за 15 минути

Кога доаѓа време за чистење на фрижидерот, голем број домаќинки и домаќини ги фаќа паника, но со добра организација лесно ќе се мотивирате да ја завршите задачата и ќе уживате во ефектот на чист фрижидер и тоа за многу кратко време или вкупно 15 минути!

За 1 минута

Наполнете поголем сад со топла вода и малку детергент за садови. Водата не смее да биде жешка, за да предизвика пукање на пластичните делови во фрижидерот. Додека водата се полни исчистете го мијалникот за да има каде да ги ставате работите кои сте ги извадиле од него, а добро е да имате и канта за отпадоци во близина. Земете две крпи од микровлакна и користете ги, едната за миење, а другата за бришење.

Чист фрижидер

За 6 минути

Почнете со горните делови и фрлете се што е расипано или сметате дека нема да го користите. Ако за нешто се двоумите, тргнете го настрана за подоцна да одлучите. Сите нешта од ставете ги на една страна и исчистете ја слободната страна и полиците доколку ги има. Ако има тврдокорни дамки нанесете сапуница и оставете ја да делува додека вие чистите на друго место. Избришете ја површината со сува крпа, па сите работи префрлете ги на исчистената страна. Повторете ја постапката и со другата страна и останатите полици.

За 5 минути

Извлечете ја фиоката за зеленчук и свежиот зеленчук зачувајте го, а она што веќе не е добро за јадењеможете да го фрлите или да го ставите како компост за растенијата. Со крпа од микровлакна, пребришетеја преградата или измијте ја, а откако ќе ја исушите вратете ја на место. Повторете го истото со другата фиока доколку ја има.

За 2 минути

На ред е вратата. Фрлете ја целата храна и сосови кои не ги користите подолго, или пак станале несигурна храна. Со помош на влажна крпа исчистете ги преградите внатре и надвор, а со сува избришете. Ако крпата стане многу водена или нечиста исперете ја во меѓувреме.

За 1 минута

Затворете ја вратата на фрижидерот и пребришете го со мокра крпа од предната страна, а посебно во делот каде се наоѓаат рачките и најчесто се допира.

На крај исперете ги крпите кои сте ги користеле и уживајте во ефектот на чист фрижидер!

Може да те интересира: 3 трикови за лесно чистење на микробрановата печка.

Сподели: