Има многу причини зошто да јадете црн ориз 1

Има многу причини зошто да јадете црн ориз

На нашите простори е помалку познат и многу малку застапен, за разлика од азискиот континент од каде и што потекнува, а сите треба да знаеме дека оризот кој е познат како див или црн ориз има многу својства кои го прават вредна храна и корисен за здравјето.

Црниот ориз не содржи глутен, па е добар избор за сите кои се на безглутенска исхрана или некој друг режим на здрава исхрана. Кога станува збор за протеините, црниот ориз содржи скоро два пати повеќе протеини од интегралниот ориз.

Има многу причини зошто да јадете црн ориз 2

Бидејќи содржи минимална количина на шеќер, секако во умерена доза, но може да го консумираат дијабетичари. Што се однесува на антиоксидансите, ги содржи скоро 30 пати повеќе од белиот ориз.

Црниот ориз содржи големи количини на растителни влакна, па е многу корисен за регулирање на работата на цревата и е добра помош за снижување на холестеролот во крвта. Претставува одличен извор на есенцијалните минерали како што се фосфор, цинк, како и фолатите (тоа се витамините од Б групата), кои даваат енергија и допринесуваат за здрави коски. Во доволна количина ги содржи и витамините А, Ц и Е, кои се важни за општото здравје и имунитетот.

За крај, многу интересна информација за црниот ориз е тоа што содржи најмалку калории од сите врсти на ориз, па е одличен за разни режими за слабеење.

Ви препорачуваме да прочитате: 6 невообичаени начини да искористите ориз.

Сподели: