Како да ги намалите проширените пори на лицето 1

Како да ги намалите проширените пори на лицето?

Проширените пори на лицето му го одземаат оној мазен, посакуван изглед на нежност, а нечистотијата лесно се „вгнездува“ во кожата. Скоро секој од нас, барем на одделни делови од лицето има проширени пори кои се изразени, па препорачуваме да ги прочитате и испробате нашите маски и добри совети.

Да се разбереме, порите не се нешто лошо или нешто од кое треба да се срамиме. Тие се места во кои се сместени фоликулите на влакненцата и благодарение на нив, нашата кожа е нахранета и мека. Но, проблемот настанува кога разните нечистотии и маснотија со времето успеваат да ги прошират порите, па стануваат многу поголеми отколку што е неопходно. Прилично е тешко да се доведат во беспрекорен ред и да се „испеглаат“, но со редовна нега со ефективни маски и трикови, ќе успеете значително да го подобрите изгледот на кожата.

Мали совети

Поради нечистотијата која се насобира, потребен е редовен, но не пречест пилинг. Користете природни маски за пилинг од шеќер со маслиново масло, од овесна каша и слично. А, ако не сакате да се занимавате со подготовка има нешто што може да си набавите лесно и да го применувате и дома. Нашите пријатели од  Slim Line Club имаат ефективни производи на природна база, а сега се достапни во колекција и по многу прифатлива цена. Станува збор за 4 производи и тоа Тоник за чистење лице, Црна Маска, Серум и Компакт Тонер. Овој комплет од козметички производи  е наменет за чистење на кожата кај лица над 35 години, а неговото дејство се темели на чистење на порите и кожата, смирување на проблематична кожа, подготовка на кожата за маска и серум, односно нејзино хранење и на крај затворање и намалување на порите со тонерот. Ако сакате да прочитате повеќе и подетални информации за секој од производите, препорачуваме да кликнете на линков од нивната онлајн продавница, од каде може и да нарачате или да се јавите на телефоните 078 215 929 и 02 270 0028.

Исто така, важно е, после туширање да го измиете лицето со ладна вода и со тапкање да го бришете, а за да ги затворите порите кои се отвориле за време на туширањето, поминете со коцка мраз по лицето. Ако сакате да се шминкате, ова е многу важно да  го направите пред да нанесете шминка.

Маски

Кога станува збор за домашна нега, маската од белки е на прво место. Ја затегнува кожата и се бори против акните. Измешајте 1 белка и малку лимонов сок, па смесата нанесете ја на лицето. Откако ќе се исуши, измијте ја.

Друга едноставна и делотворна маска е маската подготвена од сода бикарбона со малку вода. Откако ќе добиете „паста“, масирајте со кружни движења околу 30 секунди, па измијте се.

Јаболкова киселина

Таа е истакнат домашен препарат за намалување на порите. Ако ја разблажите со вода, може да послужи и како тонер, а ако се плашите да не погрешите, сепак би ви препорачале да го набавите тонерот на Slim Line Club, кој и претходно го спомнавме и кој е испитан дека делува и е погоден за кожата. На овој начин ќе постигнете длабинско чистење, затегнување на кожата и намалување на порите, како и намалување на воспалението на кожата и помалку акни и митесери.

Јогурт

Тој делува двојно. Го чисти лицето и ги смалува порите благодарение на млечната киселина. Една лажица јогурт е доволна за цело лице. Нанесете со нежна масажа и оставете да делува 10 минути. Измијте се со млака вода и избришете го лицето со тапкање.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни третмани со праска за борба против стареењето, докажано ја затегнуваат и подмладуваат кожата!

Сподели: