дрво од лимон од семе

Како да засадите лимон од семе?

Лимонот е дрво од фамилијата цитруси, а ширум светот се одгледува во многу варијанти. Кај нас дрвото од лимон најчесто има се одгледува во саксија и достигнува висина од околу 1 до 2 метри, а го красат виолтови цветови од кои подоцна се добиваат убавите жолти лимони.

Бидејќи има декоративен изглед, дрвото од лимон се одгледува како украсно во домовите, но сепак најчесто се одгледува за добивање плодови. Во поволни климатски услови лимон дава род два пати годишно.

Сите знаеме за придобивките од консумирање на лимон или кора, но често пати лимоните кои се наоѓаат на пазарите и маркетите, во фазата на одгледување се прскаат со различни хемиски средства за заштита, а при транспортот понекогаш се премачкуваат со восок. Затоа најдобро е дома да си одгледувате дрво од лимон и да ги искористите неговите благодети.

За да посадите лимон од семе, а притоа да добиете убаво декоративно дрво, следете ги следните инструкции:

  1. Во сад со вода ставете ги семките од лимон за време од 24 часа, а потоа нежно исушете ги. Оваа постапка не е задолжителна, но пожелно е да ја направите.
  2. Внимателно излупете ја надворешната кора, за да не се оштети внатрешноста.
  3. Семките од лимон, ставете ги во саксија со земја, во длабочина од 1 см. Потоа наросете го со малку вода. Може да додадете мали камчиња над земјата.
  4. Саксијата прекријте ја со пластична фолија, за да се спречи испарувањето и да не се исуши земјата брзо. Саксијата ставете ја на топло место, затоа што топлината му помага на лимонот за да порасне.
  5. Кога ќе забележите мали ливчиња од лимот, извадете ја пластичната фолија, повремено наводнувајте го растението, а штом постигне соодветна висина, пресадете го во поголема саксија.

Совет плус: На лимонот му е потребно светло и топло. Лимоните се многу чуствителни на промена на климата. Ако ги поставете плодните дрвца на отворено, од наглата промената на светлото и температурниот режим, може да му испаѓаат плодовите дури и лисјата, како резултатот од промената на климата може да се јави отсуство на плодност и во наредната година.  Посадете си и уживајте во вкусот на вашите лимони.

Сподели: