домашно крем сирење

Како да направите домашно крем сирење

Крем сирењето е популарно свежо сирење кое се користи во различни рецепти за предјадења, пити или десерти. Може да се најде и на нашиот пазар, но неговата цена во однос на цените на другите видови сирења е прилично повисока. Затоа ви го презентираме овај рецепт со чија што помош повеќе нема да имате потреба да го купувате, туку ќе можете сами да направите домашно сирење и тоа на начин кој е повеќе од едноставен.

Сè што ви треба за да направите домашно крем сирење е половина час од вашето време и само неколку состојки кои можете да ги набавите во најблиската продавница.

домашно крем сирење

Состојки:

  • 2 литри полномасно млеко
  • сок од два лимони или 1/3 чаша дестилиран бел оцет
  • лажичка сол.

Подготовка:

  1. Млекото се загрева на околу 93 степени во тенџере на оган.
  2. Кога на површината ќе почне да се прави пена и бавно да се ослободува пареа, тогаш се додава сокот од лимон или (оцет) и тенџерето се трга од огнот. Внимавајте на температурата, млекото не треба да зоврие.
  3. Садот со млеко се остава да стои на собна температура околу 10 минути, при што веќе ќе може да се забележи формирање на грутки и издвојување на жолтеникава, воденикаста сурутка.
  4. Со дрвена лажица промешајте го млекото и проверете го засирувањето. Ако забележите дека се уште има многу млеко кое не се засирило, додадете уште една лажица сок од лимон или (оцет) и почекајте уште неколку минути.
  5. Потоа подсирената течноста од тенџерето процедете ја низ густа ткаенина, добро подврзете ја ткаенината во горниот дел и оставете да се цеди за време од 10 до 60 минути во зависност од влажноста на сирењето која сакате да ја добиете.

Вака подготвеното крем сирење може да стои во фрижидер околу една недела.

Сподели: