масло од невен

Како да направите лековито масло од невен?

Невенот одамна е познат како скапоцено лековито растение. Сувите ливчиња невен се користат во тинктури, масти, кремови за лечење на рани, модринки, изгореници од прв степен и изгореници предизвикани од сонцето, алергиски реакции на кожата, за лечење на проширени вени и разни заболувања на вените, против акни и чиреви на кожата, убоди од инсекти, исипувања предизвикани од пелени кај децата, отоци и повреди. А бидејќи лесно се наоѓа кај нас, ви предлагаме да ги искористите неговитите придобивки и да направите лековито масло од невен. 

Придобивки од маслото од невен

Маслото од невен има антиинфламаторни, антибактериски својства и е многу корисно за кожата. Старите Египјани, сметале дека невенот ја подмладува и освежува кожата. Ладно цеденото сончогледово масло е идеално за подготовка, затоа што служи како „носач“. Имено, тоа овозможува хранливите материи кои ги содржи невенот полесно да навлезат во кожата, а со тоа да се постигни подобар ефект. Ние за подготовка на лековити масла, го користиме ладно цеденото сончогледово масло од Фила. Од нивната палета може да изберете ладно цедено сончогледово масло од 250 мл, 500 мл, 750 мл, 1000 мл и шалган – ладно цедено сончогледово масло. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница. Придобивките од маслото од невен се следните:

Сува и испукана кожа

Маслото од невен ја регенерира, негува оштетената и сува кожа на лицето и телото. Особено се препорачува за нега на кожата после долготрајно изложување на сонце. Тоа ја навлажнува и смирува сувата, испукана кожа и ја намалува болката.

Инфекции и отоци на кожата

Невенот има антисептично дејство (содржи висока содржина на јод) и може да се употребува како помошно природно средство при инфекции и отоци на кожата. Неговото антивоспалително својство помага да се намалат отоците предизвикани од повреди. Покрај тоа, маслото од невен е корисно при попуштени вени, чиреви на нозете и смрзнатини.

Бебешка нега

Маслото од невен е корисно при појава на осип од пелени, кој предизвикува иритација и непријатност кај бебињата.

Помали исеченици и рани

Антисептичните и антимикробните својства на маслото го забрзуваат заздравувањето на помалите исеченици и рани. Маслото од невен ја подобрува циркулацијата кај лица со декубитус (хронична рана која се јавува при долготрајно лежење), а е ефикасно при убоди од инсекти и акни.

Габични инфекции

Егзема, псоријаза, дерматитис и други кожни проблеми може да се третираат со локално нанесување на масло од невен. Маслото од невен има антигабични карактеристики и е одлично за третирање на габични инфекции на кожата и ноктите.

Може да ве интересира: Како се употребува и за што е корисно ладно цеденото сончогледово масло?

масло од невен

Направете масло од невен

За да направите масло од невен потребни ви се следните состојки:

Состојки:

Подготовка:

  1. Цветовите од невен ставете ги во стаклен сад. Во садот додадете масло.
  2. Садот чувајте го 4 недели на сонце, а повремено промешајте ја смесата.
  3. Потоа маслото процедете го низ платнена цедилка и чувајте го на темно и ладно место. По желба на крајот може да додадете една капсула витамин Е, која го враќа здравиот изглед на кожата.

Ви предлагаме да прочитате: Како да направите масло од лаванда? 

Сподели: