Како да препознаете и изберете природен и квалитетен мед?

Сигурно досега сте слушнале, а и знаете дека медот припаѓа во групата на најздрава храна на планетата. Но, дали знаете дека тој е познат и како единствена храна која има неограничен рок на траење? Природниот и квалитетен мед има голем број на придобивки врз здравјето, а неговите позитивни дејства врз здравјето се уште поистакнати, доколку медот е органски. Но, кога сме кај изборот на квалитетен и природен мед, често се јавува дилема. Најверојатно се прашувате дали медот кој сте го купиле е вистински, дали истиот содржи шеќерен или пченкарен сируп, боја или други адитиви… Со цел да ви го олесниме изборот на природен и квалитетен мед, ја приготвивме оваа едукативна содржина. Прочитајте ги следните трикови кои ни ги пренесоа искусните пчелари!

Медот како природен засладувач се користел уште во праисторијата. Нашите предци биле свесни за здравствените придобивки од медот и истиот бил консумиран и користен во медицината. Античките Египќани верувале дека редовното внесување на мед допринесува за подолг живот и поголема виталност. Биле сосема во право, зарем не?

Како да препознаете и изберете природен и квалитетен мед?

Здравствени придобивки од консумацијата на мед

Здравствените придобивки од консумацијата на мед се многубројни. Помага за зајакнување на имунитетот, поседува антибактериски својства, служи како храна за косата и кожата, помага при сезонски алергии, може да се користи за лекување на рани

Медот поседува антибактериски својства

За медот може да се каже дека е одличен природен лек кој го штити организмот од инфекции. Тоа се должи на рН вредноста (3.2-4.5) која како благо кисела средина го спречува растот на бактериите додека останатите антоксидантни компоненти успешно ги елиминираат слободните радикали.

Помага при проблеми со косата и скалпот

Медот освен што може да се консумира, истиот наоѓа голема примена и како состојка во домашните третмани за разубавување. Досега го имаме користено во голем број на рецепти од типот „направи сам“, за нега на косата и кожата на лицето. Според некои истражувања медот е одличен за проблеми со скалпот при себороичен дерматит и првут. Постапката за третман е едноставна. На проблематичните зони нанесете мед растворен со малку топла вода и оставете го да делува за време од 20-тина минути. Подобрување на состојбата се забележува веќе по првата недела.

Може да помогне во превенција на сезонската алергија

Локално произведениот мед содржи остатоци од цветен полен. Малите количини на алерген го стимулираат имуниот систем и создаваат природна заштита. Препорачливо е да се консумира по една лажица природен и квалитетен мед пред сезоната на полен, со цел спречување алергиска реакција.

Како да препознаете и изберете природен и квалитетен мед?

3 трикови како да препознаете и изберете квалитетен и природен мед

Како вие избирате мед при купувањето? Знаете ли некои тајни кои ви помагаат при изборот? Доколку се сомневате во квалитетот на купениот мед, време е да ги дознаете триковите на искусните пчелари. Тие ни откриваат неколку многу едноставни трикови или методи за откривање на вештачкиот, неквалитетен мед.

  1. Ставете неколку капки мед на хартија или хартиено марамче. На вистински квалитетниот мед ќе му биде потребно доста време за да пројде низ хартијата, бидејќи не содржи вода.
  2. Наполнете ја чашата со вода и додајте лажичка мед. Природниот мед ќе падне на дното и ќе остане компактен, додека вештачкиот ќе почне да се меша/топи со течноста.
  3. Со времето вистински природниот мед ќе кристализира, а вештачкиот ќе остане мазен.

Кога сме кај изборот на мед, најдобро е да купувате од добро познати и веќе докажани брендови. За среќа во поголемите маркети и аптеки може да се најдe квалитетен, органски и природен мед од Зоралек, кои се занимаваат со одгледување на пчелни семејства повеќе од 50 години. Нивната палета на производи е голема:

  • органски мариовски флорео ливадски мед
  • органски мариовски флорео планински мед
  • органски мариовски флорео мед со пита (природно восочно саќе).

А исто така имаат доста интересни производи на база на мед помагаат за зајакнување на имунитетот и подобрување на општата здравствена состојба како што се органски мариовски флорео имуно мед, цимето мед, чоко мед, релакса мед, ѓумбир мед, вита мед, дигесто мед и пергастарт сируп. За порачки може да се јавите на телефонот 070211220, а добро е што производите ги испраќаат по карго. За повеќе информации за намената на лековитите производи и медот ви предлагаме да ја посетите веб страницата на Зоралек, а исто така сите новости може да ги следите на нивната Facebook фан страница.

Ви предлагаме да прочитате: Како да вратите кристализиран мед во течна состојба?

Сподели: