ладно цедено сончогледово масло

Како се употребува и за што е корисно ладно цеденото сончогледово масло?

Користите ли ладно цедено масло? Во маркетите и продавниците за здрава храна веќе неколку години може да се најде ладно цедено сончогледово масло, кое ние го користиме подолго време, па решивме да истражиме повеќе за него и да дознаеме кои се здравствените придобивки од консумацијата и како може да се употребува.

Се смета дека сончогледот потекнува од Северна Америка и дека Индијанците се први кои почнале да го одгледуваат пред околу 8000 години. Тие го користеле сончогледот како диуретик и за подобрување на видот, но исто така претставувал главна компонента во исхраната се до периодот кога Европејците прв пат ја посетиле Америка.

Како се произведува ладно цеденото сончогледово масло?

Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40°C. Оваа постапка на ладно цедење е едноставен метод на гмечење на семето, без употреба на топлина и хемиски растворувачи (т.е без рафинирање на производот), при што се добива чисто масло во кое се задржани вкусот, аромата и нутритивните вредности на семето. Тоа има жолто-златна боја, но бојата најмногу зависи од својствата на семето. Токму оваа постапка имавме можност да ја видиме при посетата на македонската иновативна компанија Фила, каде се произведуваат различни ладно цедени масла. Во нивната палета се вбројуваат ладно цедено сончогледово масло од 250 мл, 500 мл, 750 мл, 1000 мл и шалган – ладно цедено сончогледово масло. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница.

ладно цедено сончогледово масло

Здравствени придобивки од консумацијата на ладно цедено сончогледово масло

Ова масло има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксидант и позитивно влијае врз човечкото тело.

Комбинацијата на масни киселини, палмитинска киселина, стеаринска киселина, олеинскакиселина и линоленска киселина се важни за одржување на разни елементи на човечкото здравје. Содржината на масните киселини во ладно цеденото сончогледово масло е поврзано со нивото на енергија во телото, при што го држи телото полно со енергија и здравје. Покрај тоа, ова масло содржи голема количина на Омега-6, која е неопходна за мозокот и правилно функционирање на организмот.

Ладно цеденото сончогледово масло:

  • го зајакнува имунитетот
  • му дава енергија на телото
  • корисно е за срцето
  • го подобрува здравјето на кожата
  • служи како превентива за канцер
  • го намалува нивото на холестерол
  • заштитува од астма
  • ги намалува воспаленијата.

Како може да се користи ладно цеденото сончогледово масло?

Храната која е зачинета и подготвена со ладно цедено сончогледово масло, останува свежа и здрава подолг период. Освен за зачинување на салатите, ова масло како и маслото од маслодајна репка има висока точка на загревање и може да се користи на високи температури, за лесно пржење, печење и приготвување на различни јадења. Па, еве неколку рецепти во кои имаме користено ладно цедено сончогледово масло:

Покрај тоа, ладно цеденото сончогледово масло е познато како еден од најдобрите природни лекови за нега на кожата. Во консултација со козметичар, дознавме дека ја подмладува кожата и ја прави сјајна. Може да се користи за отстранување на шминката, за отстранување на восокот по депилација и за смирување на кожата. Исто така, тоа наоѓа примена:

  • Како состојка во козметички производи: лосиони, лак за нокти, шампони за коса
  • Се користи како средство за после сончање
  • Помага да се релаксираат уморни, подуени очи
  • Како лек против кардиоваскуларни проблеми, на пример хипертензија.

*Комерцијален текст

Сигурно ќе ве интересира: Која е разликата меѓу ладно цедените масла и рафинираните масла?

Сподели: