dieta so tikvicki

Диета со тиквички – ослабете и исчистете го организмот од токсините

Тиквичките се исклучително корисни за многу болести и подобрување на работата на гастроинтенстиналниот тракт, анемија, кардиоваскуларни болести, хипертензија и дебелина. Ако ја примените оваа диета со тиквички, без проблем ќе може да намалите 4 до 6 килограми за еден месец. А ако се придржавте една недела, би требало да намалите 2 до 3 килограми.

Тиквичките се богати со растителни влакна кои ја намалуваат ресорпцијата на масти, па се погодни за диета кај лица кои имаат покачен холестерол и триглицериди. Калиумот и магнезиумот кои ги содржат тиквичките делуваат на намалување на крвниот притисок.

Покрај намалувањето на килограмите ќе го ослободите организмот од штетни материи и ќе го освежите телото.

диета со тиквички

Диета со тиквички

Во оваа диета е дозволено да се јаде нескробен зеленчук како што се моркови, зелка, домати, пиперки, краставици… Во попладневните часови може да си направите салата од краставици која ќе ја зачините со ладно цедено масло и неколку капки свежо цеден сок од лимон.

Исто така може да јадете и овошје. Во првиот дел на денот или за ужина консумирајте јаболка, киви, мандарини, портокали или сливи.

За да биде исхраната што повеќе избалансирана, таа мора да содржи протеини од животинско или растително потекло. За ручек или вечера изберете телешко, пилешко, мисиркино месо или риба. При изборот на риба, предност дајте им на речните риби, затоа што морските не се баш погодни за оваа диета.

Може да пиете вода, зелен чај без шеќер и природно цедени сокови од портокал и јаболко. А за уште подобар ефект може да вклучите:

  • Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.
  •  Slim Line Coffee  – Ова кафе е добар стимулатор на централниот нервен систем, а кофеинот го забрзува метаболизмот, со што се намалуваат масните наслаги во телото и се зголемуваат физичките перформанси. На тој начин се постигнуваат подобри резултати при диети.

За време на диетата треба да ги исклучите: пекарските производи, лебот, слатките и алкохолот.

Предност дајте им на тиквичките со темно зелена кора, која не треба да се отстранува затоа што се губат 80% од хранливите материи.

Совет плус: Доколку имате проблем со килограмите, а сте држеле диети, но немате успех, ви предлагаме да се обратите кај нашите пријатели од Slim Line Club. Slim Line Club е заедница на повеќе од 4500 членови од Македонија и регионот. Тие нудат квалитетни и ефикасни производи за постигнување на виткост и виталност, покрај тоа нудат и 90 дневен предизвик за вашата трансформација кон подобар и поквалитетен живот, а затоа имаат стимулативен награден план. Посетете ја нивната онлајн продавница или јавете се на 078 215 929 за повеќе информации.

Пример на мени за еден ден од диетата со тиквички

Појадок

  • Динстана тиквичка (250 грама) со зеленчук (150 грама) и чаша зелен чај.

Ужина

  • 1 јаболко, чаша сок од портокал или вода.

Ручек

  • Запечена тиквичка (300 грама), парче динстано или печено месо (200 грама), 1 киви или неколку сливи и чаша зелен чај.

Ужина

  • Запечена тиквичка (250 грама), салата со морков и зелка (250 грама), чаша сок од јаболко.

Вечера

  • 100 грама суви сливи или 2 – 3 свежи сливи, чаша сок од јаболко или зелен чај.

Ви предлагаме да прочитате: Направете сами свој диетален режим.

Сподели: