Карамелизирани јаболка со мед

Започнуваме со божиќните и новогодишните рецепти! Сите во овој период бараме убави рецепти, декоративни со кои ќе и дадеме на трпезата празничен сјај. А кога станува збор за идеи, нашите драги автори се тука да го споделат нивното искуство и да ни бидат мотивација за убави и весели празници. Овој пат го споделуваме рецептот за карамелизирани јаболка.

Лидија ни кажа дека овие јаболка ги прави за секој Божиќ, а комбинацијата од кисело и благо е превкусна. Во оваа прилика го споделуваме рецептот за карамизирани јаболка со помека глазура, а на блогот Slatki Tajni, може да го погледнете и вториот рецепт на Лидија, кој има поцврста глазура и се прави со гликозен сируп.

карамелизирани јаболка со мед

Состојки:

  • 6-8 помали јаболка
  • 6-8 дрвени стапчиња
  • 200 мл вода
  • 300 грама шеќер
  • 1 лажица мед
  • кокос, сечкани бадеми, лешници по желба.

Подготовка:

  1. Јаболката се мијат убаво и се бришат со хартија. Во секое јаболко се става дрвено стапче. Притоа, важно е стапчето да го поставите во внатрешноста на јаболкото.
  2. Во мало тенџере на оган ставете ја водата, шеќерот и медот. Мешајте додека се згусти глазурата. Температурата на глазурата треба да биде 145 степени.
  3. Јаболката се ставаат во глазурата, така што треба целосно да се прекријат со течноста. Потоа се валкаат во кокос или сечкани јаткасти плодови и се редат врз хартија за печење, претходно премачкана со малку масло. Изладените карамелизирани јаболка со мед ставете ги во чинија и послужете ги. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Новогодишни ѕвезди со лешници и цимет.

Сподели: