Кентаки поховано пилешко 1

Кентаки поховано пилешко

Сега можете и дома да го подготвите светски познатото и многу обожавано кентаки поховано пилешко месо! Крцкаво и превкусно, а најчесто комбинирано со неодоливите компирчиња. Овој пат подобрено, печено, а не пржено!

Оние кои се љубители на патувања, сигурно пробале во некое продажно место во големите шопинг центри од светот и веруваме го паметат прекрасниот вкус. Одлично е за мезе, како за домашните, така и за да пречекате гости.

Кентаки поховано пилешко 2

Состојки:

  • 500 гр пилешко месо, пожелно е пилешки гради
  • 250 гр путер
  • 100 гр лебни трошки
  • сусам во количина по желба
  • 250 гр рендан кашкавал
  • 1 лажица мешан зачин
  • 500 гр компири за прилог по желба.

Подготовка:

  1. Доколку правите прилог од компири, прво припремете ги нив. Измијте ги, излупете ги и исечете ги на коцки. Оставете ги на страна додека го припремите месото.
  2. Во чист и сув сад измешајте ги лебните трошки, кашкавалот, сусамот и лажицата мешан зачин.
  3. Путерот потполно стопете го.
  4. Месото исечете го на покрупни коцки или оставете го во поголеми парчиња.
  5. Секое парче месо потопете го во растопениот путер, а потоа ставете ги во смесата со лебните трошки.
  6. Месото редете го по средината на плехот за печење, а по краевите наредете ги компирите.
  7. Преостанатата смеса со лебни трошки распоредете ја рамномерно врз компирите и прелијте ги со преостанатиот растопен путер.
  8. Печете на 200 степени, за време од околу 40-45 минути.

Забелешка: Не го превртувајте месото за време на печењето.

Ви препорачуваме да прочитате: Уштипци од пилешко месо и кашкавал.

Сподели: