ВИА ИГНАЦИЈА Вевчани карневал 1

Ке и да си, за Св. Васиља Вевчани да си! Стара Нова година во ВИА ИГНАЦИЈА!

Дојди да слушниш зурли и топани, да си кесниш домашен луканец, да се напјеш Вевчанско домашно…  Дојди да се напрајш василичар, да појш со зетон и нестана на вода, да осетиш бескрајна слобода… Дочекајте ја Стара Нова година, во ВИА ИГНАЦИЈА. Ке и да си, за Св. Васиља Вевчани да си! Резервирајте дур имат место на (+389)70871599 и (+389)71305416.

ВИА ИГНАЦИЈА Вевчани карневал 11

Нема таков кој не слушнал за Вевчанскиот карневал! Се одржува еднаш во годината на 13-14 Јануари и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар. Вевчанскиот карневал е традиција која трае повеќе од 1400 години и е спој меѓу паганското и современото, кој плени со својата таинственост и уникатност од разни маски. Долги години е на ранг на светските карневали и на далеку почитуван. Вреди да се види и да се посети, има богата програма. Годинава има најава за над 1000 маски, супер забава со многу ѕвезди, наши и гостински музичари и групи.

ВИА ИГНАЦИЈА Вевчани карневал 2

Вевчани е место кое нуди и големо уживање во вкусната и традиционална храна, а ние тоа убаво го знаеме затоа што многу пати сме јаделе и уживале во ресторанот Виа Игнација во Вевчани! Одлична храна и супер цени. Ајде да го пробаме најдоброто што ќе се служи за карневалските денови, разни Василичарски јадења, селско месо, луканци и сарма, пача и кашаник. А еве каде да си закажеме топла атмосфера и вкусно уживање:

Информации и резервации:

  • Ресторан Виа Игнација, Вевчани
  • Моб: +389  (0) 71 305 416
  • Моб: +389 (0) 70 871 599
  • Тел: + 389 (0) 46 798 527
  • Е-маил: viaignatia@yahoo.com
  • www: viaignatia.mk
  • Facebook: Via Ignatia Vevcani

*Комерцијален текст

Сподели: