колачиња со крем од ванила

Колачиња со крем од ванила

Имаме нов рецепт за мали, вкусни колачиња со крем од ванила! Нашата драга пријателка Лидија, на нејзиниот блог Слатки тајни го сподели за ванила колачи.

Подготовката на колачињата е интересна и вреди да се проба. Од наведените состојки ќе добиете 18 колачиња со кои може да го послужите семејството и пријателите. Ајде да ги пробаме!

колачи со крем од ванила

Состојки:

  • 50 грама свеж квасец
  • 250 мл млеко
  • 600 грама брашно
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажичка ванилин шеќер
  • 100 грама путер на собна температура
  • 130 грама шеќер
  • 1 јајце.

За крем од ванила:

  • 2 лажици брашно
  • 250 мл млеко
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажички ванилин шеќер.

Подготовка:

  • Во сад за матење се става квасецот и се додава млакото млеко. Се меша со лажица за да се растопи квасецот. Во садот се додава брашното, солта, ванилиниот шеќер, путерот, шеќерот и јајцето. Смесата за колачите се миксира со миксер за време од 10 минути.
  • Тестото се става на набрашнета работна маса и се остава да одмори за време од 15 минути.
  • Потоа се дели на 18 топчиња. Топчињата се редат во тава обложена со хартија за печење. Тавата се покрива со крпа и се остава да за време од 1 час.
  • Додека нараснува тестото се приготвува кремот од ванила.
  • Во мало тенџере, на тивок оган се ставаат брашното и млекото. Се матат со жица за да се добие хомогена смеса. Во садот се додаваат шеќерот и јајцето и се меша цело време додека се добие густ крем. Тенџерето се трга од огнот и се остава да се излади. Штом кремот е ладен се додава ванилиниот шеќер.
  • Смесата за кремот од ванила се става во шприц. Во секое колаче се прави мал отвор и се става од филот.
  • Колачињата се печат во загреана рерна на 220 степени за време од 10 минути.
  • Печените колачиња се остават кратко да се изладат, а потоа се премачкуваат со растопен путер и се валкаат во шеќер. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Колачиња со ванила и чоколадо.

Сподели: