Кристал масло за јадење

Колку навистина може да трае квалитетот на едно масло за јадење? Кога е во прашање КРИСТАЛ воопшто не се сомневајте…

Кој би рекол дека едно шише Кристал масло може да биде употребливо и ден денес, а е направено пред 3 децении, нели!? Сигурно нема да ви се верува, но го откривме најстарото шише со Кристал масло! Ја посетивме ПИ Благој Ѓорев и се уверивме на лице место. Истата боја, истиот изглед и конзистенција, како пред 30 години, така и сега. Кристал е безвременски квалитет кој трае и до 30 години. Само шишето е различно, а на фотографија подолу и ако кликнете тука можете да го погледнете и самите!

Најмногу го препознаваме како традиционален бренд за масло и маргарин во коцка, онаа која ни е најлесно да ја употребиме кога мериме при готвењето. А, сте размислувале ли некогаш за трајноста на квалитетно сончогледово масло? Веројатно би претпоставиле дека може да трае две, три или пет години? Но, кога е произведено со врвна технологија и од квалитетни суровини, резултатите се изненадувачки.

Убаво е да се сака татковината, а уште повеќе кога се купуваат наши, македонски производи. Велат домашното е највкусно, па нели е така? Од прекрасните македонски полиња, повеќе од 90 години се берат сончогледовите пити и се добива квалитетно масло со проверен квалитет и традиција.

масло за јадење

Прехранбената индустрија „Благој Ѓорев“ од Велес веќе 90 години е синоним за квалитет. Кристал е еден од најпрепознатливите и најсилните брендови со долгогодишна традиција во прехранбената индустрија на Македонија, па самото спомнување на името веднаш асоцира на маслото за јадење и маргаринот коцка на ПИ „Благој Ѓорев“ Велес. Овие производи биле составен дел од кујните на нашите баби и нашите мајки, а и денес се задолжителна намирница во нашите кујни. Едноставно, користењето на производите од брендот Кристал се пренесува од генерација на генерација.

Денеска, на брендот Кристал припаѓаат најголем дел од производите на ПИ „Благој Ѓорев“ од Велес. Покрај добро познатите масло за јадење и маргарин коцка, името Кристал со гордост го носат и софт маргарините, неколкуте вида оцет, кондиторските производи, зачините, производите од соја, какаото, оризот, таанот, шеќерот во прав и уште дваесетина други прехранбени производи. Има за сите по нешто!

Постојаното надградување и инвестирање во развојот, како и употребата на квалитетни суровини во процесот на производство се основа на работата на овој бренд. Кристал значи строго почитување на меѓународните стандарди за квалитет, зачувување и негување на традицијата, а истовремено и лесна достапност до потрошувачите. Со еден збор Кристал значи доверба. Затоа по толку години постоење и постојано развивање Кристал заслужено стана верен пријател на вашата кујна.

Верувајте и на традицијата и на домашното, на потврдениот квалитетот и по 30 години, создаден од сончогледовите зрна, кои ги грее сонцето на нашите македонски полиња! Кристал е со задржан квалитет, традиција и доверба, и по три децении. Денес е истиот квалитет во нов современ дизајн и пакување прилагодено на современите услови и барања на потрошувачите!

*Комерцијален текст

Сподели: