Која е разликата меѓу ладно цедените масла и рафинираните масла?

Во последно време сигурно сте слушнале или веќе сте купиле ладно цедено, нерафинирано масло. А како и многумина најверојатно и вие не знаете која е разликата меѓу рафинираните и нерафинираните масла. Време е да ве запознаеме  со оваа тематика, а најдобро за тоа може да ни кажат од Фила, македонската фабрика за производство на ладно цедени масла која беше прогласена за една од најуспешните иновативни компании во Македонија за 2016 година.

Која е разликата меѓу ладно цедените и рафинираните масла?

Разликата помеѓу овие две масла е во самото производство. Ладно цедените масла се добиваат со механичко пресување на семето, а рафинираните масла се добиваат со хемиски процес на многу високи температури.

Во Фила се производуваат ладно цедени масла од најсвежите и најздравите семиња, кои ни доаѓаат од македонските полиња, а маслото ги задржува сите природни хранливи состојки, со карактеристичниот мирис и вкус на семето од кое е произведено. Процесот започнува со избор на најдобрите и најквалитетни семиња што може да се најдат на пазарот, а потоа се прави нивно цедење/трансформирање во масло.

Кои суровини се користат за производство на масло?

Произведуваме повеќе типови на ладно цедено масло и тоа од сончоглед, лен, маслодајна репка, црно семе, сусам, тиква и горка кајсија. За производство на ладно цедените масла секогаш се користи сертифицирано семе, семе на кое му се знае потеклото.

Останатите рафинирани масла може да се произведуваат од генетски модифицирано семе, семиња со зголемено присуство на пестициди, кои понатаму остануваат во производот.

Понатаму, како оди процесот на производство?

Во зависност од суровината која ја користиме, маслото се добива со пресување на семето и во текот на процесот температурата е константна.

За разлика од тоа, при производство на рафинирани масла, маслото се екстрахира со користење на агресивни хемиски растворувачи кои го уништуваат природниот вкус и нутритивните вредности на семето.

Што подразбира поимот на рафинирање?

Маслата се рафинираат за да се стабилизираат, за да може истите да се користат за загревање на висока температура.

Маслата кои се произведени во Фила не подлежуваат на процес на рафинирање. Највисоката температура која ја постигнува во процесот на производство на овие масла е 40 степени.

Процесот на рафинирање најчесто се прави за да се сокријат нечистотиите за маслото. Се користат повеќе агресивни хемикалии како растворувачи на фосфорната киселина кои на висока температура ги отстрануваат непосакуваните миризби и бои на маслото.

Друго што треба да спомениме е постапката на дупло рафинирање. При производство на ладно цедено масло нема процес на дупло рафинирање. После процесот на пресување, следи процес на дупло филтрирање со стерилизирани хартиени филтри.

За да се зголеми рокот на траење на рафинираните масла се додаваат хемиски конзерванси. Хидрогенизацијата е процес во кој од природните, течни масла се создаваат стабилни, цврсти масла.

Кој е крајниот резултат при производство?

Со нашата современа технологија добиваме природни, свежи масла произведени на начин кој позитивно влијае на заштитата на животната средина, без транс масти, зачувувајќи ги природниот вкус и нутритивните вредности колку што е можно повеќе. Рокот на траење е од 18 до 24 месеци.

Хемиски произведените рафинирани масла се лишени од нивниот природен вкус и нутритивните вредности кои претходно ги содржеле. Содржат транс масти кои може да достигнат и до 27%. Рокот на траење кај овие масла е 36 до 48 месеци.

На крај, што им препорачувате на нашите читатели?

Здравјето е најважно, а во маслото е здравјето! Но, не во секое масло. Направете мудар извор за целото семејство и започнете уште од денес да ги користите Фила ладно цедените масла. Истите може да ги најдете во поголемите маркети или да ги порачате од нашата онлајн продавница http://shop.filla.com.mk/ по најповолни цени.

*Комерцијален текст

Сподели: