Краставици против изгореници од сонце 1

Краставици против изгореници од сонце, спасете се во првите неколку часа!

Она што многумина не го знаат е дека имаме 5 часа на располагање пред оштетувањето од сонцето да почне вистински да делува, а кожата да црвенее! Сега со една многу лесно достапна состојка може да се „спасите“ и да се ослободите од мачнините и болките на изложените делови. Земете краставици против изгореници од сонце и спасете се во првите неколку часа!

Во деновиве на променливо време, може да се каже и дека немаме постојана потреба да се криеме од штетното влијание на сончевите зраци. Но, добро е да сме навремено информирани за моментите кога ќе одиме на плажа или кога ќе имаме потреба подолго да бидеме изложени на сонце од било кои причини, бидејќи за да се појават изгореници од сонцето доволни се само 20 минути, зависно од типот на кожа и нејзината отпорност. Ако пак имате доза умереност во сончањето и сакате да ја негувате кожата по завршениот одмор, кликнете тука и прочитајте како може да се негувате дома со едноставни состојки од кујната. Друг начин е со овесна купка, а како се изведува тоа може да дознаете тука.

Краставиците се посебно познати дека помагаат при умор на очите и отоци на очните капаци, но она што е помалку познато е дека краставиците помагаат и против изгореници од сонцето. Тоа се должи на содржината на витамин Ц и антиоксидансите кои се наоѓаат во нивниот состав помагаат да се намали иритацијата од сончевите зраци.

Краставици против изгореници од сонце 2

Како да употребите краставици против изгореници?

Најпрво краставиците добро изладете ги во фрижидер. За малите делови исечете кругови и ставете ги директно на кожата. Доколку е зафатена поголема површина, најпрактично е со помош на блендер да направит ладна паста од краставици, па така изблендираната содржина да ја нанесите на кожата. Оставете да стои колку што мислите дека е потребно.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни лекови при изгореници од сонце.

Сподели: