крцкави печени компири со зачини

Крцкави печени компири со зачини

Овие печени компири со зачини се крцкави, ароматични и приготвени до перфекција. Направени се од едноставни состојки, за брзо време и се многу поздрава алтернатива од пржените компирчиња.

Нашите пријатели Фила, секогаш ни се инспирација за подготовка на здрави рецепти. Нивната палета на здрави масла и семиња зазема големо место во нашата кујна, па со задоволство ги користиме. Така се роди идејата и за овој рецепт, за крцкавте печени компири, приготвени со екстра девственото маслиново масло од Фила. Истото може да го најдете во поголемите маркети или да го порачате преку онлајн продавницата на Фила.

крцкави печени компири

Состојки:

  • 600 грама црвени компири
  • 3 лажици екстра девствено маслиново масло од Фила
  • лук во прав по желба
  • оригано, мајчина душица, мајоран или босилек по желба
  • ½ мала лажичка морска сол
  • 1 мала лажичка мелен црн пипер
  • ½ мала лажичка црвена буковска пипер
  • 4 лажици пармезан
  • магдонос за декорација.

Подготовка:

  1. Рерната пуштете ја да се загрее на температура од 220 степени.
  2. Компирите добро измијте ги и исечете ги на осминки. Ставете ги во длабок сад и додајте го маслиновото масло. Добро измешајте ги.
  3. Во мал сад ставете ги лукот во прав, ориганото, црвената пипер, солта, црниот пипер и пармезанот. Измешајте ги зачините со лажица, а потоа додајте ги во садот со компирите. Повторно добро измешајте.
  4. Во тава ставете хартија за печење, а потоа наредете ги компирите.
  5. Тавата ставете ја да се пече во загреаната рерна за време од 25 до 30 минути, додека компирите добијат крцкава кора, а во внатрешноста се меки.
  6. Тавата извадете од рерната и оставете ги компирите да се изладат за време од 10 минути.
  7. Магдоносот ситно исечкајте го.
  8. Печените компири со зачини извадете ги од тавата, ставете ги во чинија и поросете ги со сечканиот магдонос. Послужете ги со доматен или друг сос по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Здрави печени ќофтиња со модри патлиџани и тиквички.

Сподели: