Куркума и шафран против депресија 1

Куркума и шафран против депресија

Кога станува збор за состојбата која предизвикува разни ефекти кои негативно влијаат во нашите животи, секој од нас се обидува да најде некакво решение. Некои луѓе пешачат, некои посегнуваат по ќебето и се туткаат во креветот, а некои посегнуваат по таблетки. Ние ќе ви кажеме нешто повеќе за поволното влијание на двата зачини – куркума и шафран против депресија.

Новите истражувања покажале дека куркуминот, кој е активна состојка во куркумата, ефикасно делува во ублажување на клиничката депресија. А, слични благотворни дејства се утврдени и за шафранот.

Куркума и шафран против депресија 2

Истражувањето кое го водел психологот Адријан Л. Лопрести, споредувало делување на куркумата и шафранот со делувањето на лековите против депресија. Се покажало дека овие зачини се ефикасни колку лековите и тоа без пропратни негативни дејства. Испитаниците (поголемиот број страдале од депресија повеќе од 5 години и земале антидепресиви), во тек на 5 -12 недели ги земале овие зачини. Било забележано дека има подобрување на симптомите. Исто така, било утврдено дека куркуминот помага и при анксиозност. Психологот, од ова истражување заклучил дека влијанието на куркуминот е импресивно!

Зошто куркумата и шафранот делуваат против депресија?

Истражувањата покажуваат дека депресивните луѓе имаат високо ниво на хемикалии, кои укажуваат на зголемено воспаление во организмот. Антидепресивите, слично како куркуминот и шафранот, го снижуваат нивото на овие хемикалии, а со тоа се намалува и воспалението.

Истражувањето на психологот Лопрести, открило дека куркуминот делува подобро при атипична депресија. Лицата со таков вид на депресија се чувствителни на отфрлање. Тие се чувствуваат подобро кога има позитивни случувања во нивниот живот и може да имаат зголемен апетит. Овие симптоми не се присутни кај типичната депресија. Луѓето кои патат од атипична депресија повеќе патат од воспаленија во однос на оние кои патат од типична депресија. Според тоа антивоспалителната моќ на куркуминот е поефикасна кај атипичната депресија.

Куркумата и шафранот го зголемуваат нивото на серотонин и допамин, тоа се важни супстанции во мозокот, чие ниво обично е ниско кај депресивните луѓе.

Добрата страна на овие зачини е тоа што ублажуваат анксиозност, бидејќи го намалуваат лачењето на кортизолот, кој е важен хормон за појава на стрес.

За почеток, ако се чувствувате благо потиштено, можеби е добра идеја да додадете половина лажичка во јадењето, заедно со малку шафран и свежо измелен црн пипер. Црниот пипер е корисен бидејќи пиперинот во неговиот состав му помага на куркуминот за подобро да биде искористен во организмот.

Ви препорачуваме да прочитате: Храна која помага при депресија и лошо расположение.

Сподели: