Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење 1

Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење

Летото е идеално за ладен чај кој освен што ќе ве освежи, ќе ви помогне за забрзување на метаболизмот и намалување на вишокот на килограми. Токму така, во соработка со нашите пријатели од  Slim Line Club креиравме рецепт за ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.

Тајната на чајот се крие во правилно избраните состојки. Како основа користевме Slim Line Tea кој го дополнивме со лимон, портокал, нане и секако коцки мраз за совршено летно уживање. Активните состојки на Slim Line Tea влијаат така што:

  • ги елиминираaт акумулираните масни наслаги и токсини
  • ја намалуваат подуеноста
  • го забрзуваат метаболизмот
  • го промовираат намалувањето на телесна тежина
  • ја нормализираат прекумерната масна екскреција на кожата.
Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење 2

Лимоните може да ви помогнат за слабеење, а исто така се добри за здравјето. Тие се богати со витамин Ц и антиоксиданси, а киселината која ја содржат го помага варењето на храната  и го штити црниот дроб. Но, постојат и други причини: лимоните имаат диуретски својства, помагаат за детоксикација и  го поттикнуваат согорувањето на мастите. Покрај лимоните, портокалите и нането се познати како сојузници на добрата линија, помагаат за подобро варење на храната и забрзување на процесот на слабеење.

Состојки:

  • 4 чаши вода
  • 2 ќесички Slim Line Tea
  • 1 лимон (кора и сок)
  • 1/2 портокал (кора и сок)
  • 4 до 6 листови нане
  • стевија, мед или јаворов сируп за засладуваење по желба
  • мраз за сервирање.
Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење 2a

Подготовка:

  1. Лимонот го миеме и ја рендаме кората на ситната страна на рендето. Потоа го цедиме сокот од лимон.
  2. Портокалот го миеме и го пресекуваме на половина. Потоа, ја рендаме кората на ситната страна на рендето. Сокот од портокал го цедиме.
  3. Во тенџере на оган ја ставаме водата да се вари. Во тенџерето ја додаваме ренданата кора од лимон и портокал. Ги додаваме и свежите листови нане. Штом водата зоврие, тенџерето го тргаме од оган.
  4. Ги додаваме ќесичките Slim Line Tea. Оставаме околу 3 до 5 минути. Потоа, ќесичките ги вадиме од чајот и го оставаме да се излади.
  5. Изладениот чај го цедиме и ги додаваме цедниот сок од лимон и портокал. Во чаши за сервирање ставаме коцки мраз и налеваме од изладениот чај. Сервираме со гранчиња лимон и парчиња портокал. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Чај од магдонос за намалување на целулитот.

Сподели: