leden desert so jagodi

Леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити

Во топлите денови сите сакаме да се разладиме со сладолед или некој друг леден десерт. Па, со оглед на сезоната на јагоди, нашата драга Кате ни приготви супер изненадување. Станува збор за брз и едноставен леден десерт со јагоди, слатка павлака и бисквити.

Она што сакаме да го споменеме е дека рецептот е приготвен со дигестивни бисквити кои имаат парчиња чоколадо. Но, може да го направите и со било какви бисквити кои ги имате на располагање. Потребни ви се само 10-тина минути за подготовка на овој симпатичен сладок десерт.

леден десерт со јагоди

Состојки:

  • 350 мл слатка павлака
  • 300 гр јагоди
  • 1 банана
  • 60 грама бисквити (со парчиња чоколадо).

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ја слатката павлака. Изматете ја со миксер додека се добие густ шлаг.
  2. Изматената слатка павлака поделете ја на два дела.
  3. Во блендер ставете ја јагодите и бананата. Миксирајте ги додека се добие пире.
  4. Во едниот дел од слатката павлаката додајте го пирето од јагоди и банана. Измешајте со лажица додека се добие хомогена смеса.
  5. Бисквитите искршете ги. Во преостанатата слатка павлака додајте ги грубо искршените бисквити и измешајте со лажица додека се соедини смесата.
  6. Во округли мали калапчиња (или калап по ваша желба) ставете од слатката павлака со јагоди и банана, потоа од слатката павлака со бисквити и пак еден помал слој од делот со јагоди.
  7. Калапчињата ставете во замрзнувач за време од неколку часа. Потоа, ледениот десерт со јагоди и бисквити послужете го. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Брз кремаст десерт со јагоди и бисквити во чаша.

Сподели: