morska sol

Лековити својства на природната морска сол

Престојот на море во топлите летни денови има многу позитивен ефект врз здравјето. Сигурно сте забележале дека вашата кожа изгледа поубаво и посјајно. Да, природната морска сол како и останатите состојки на морската вода, имаат лековити својства кои се познати од дамнина.

Античките Хипократ и Херодот препорачувале купки од морска сол за различни здравствени проблеми, посебно за реума и ишијас, а исто така и за кожни заболувања, воспаленија и рани. Кралот Соломон и поклонил на кралицата од Саба сол од Мртвото море, кога таа ја посетила неговата земја. Познатата убавица Клеопатра редовно се капела во Мртвото море, кое е особено богато со сол и различни минерали.

морска сол

Заради своите чудотворни својства, морската сол е неизоставен дел од многубројни препарати за нега, здравје, разубавување на лицето и телото.

Морската сол е богата со различни состојки. Таа содржи различни минерали, елементи во трагови, калциум, калиум, бром, натриум, манган, магнезиум, јод, флуор…

Лековити својства на морската сол

Помага за намалување на кожните алергиски реакции

Топлата купка со морска сол има релаксирачки ефект ги опушта згрчените мускули. Покрај тоа, морската сол има антисептични и антихистамински својства, а токму поради нив се препорачува за лекување на кожни алергиски реакции. Нејзините состојки помагаат и за поттикнување на метаболизмот и излачување на штетните состојки. Затоа направете морска сол за релаксирање, регенерација или подигнување на енергијата.

Го намалува целулитот и ја разубавува кожата

Морската сол го поттикнува излачувањето на прекумерната вода од кожата и сврзното ткиво, со што кожата станува мека, јака, сјајна и здрава. Поради овој ефект, купките со морска сол се препорачуваат за слабеење и намалување на целулитот, регенерација на кожното ткиво и подмладување на кожата.

Помага против воспаленија

Морската сол благотворно влијае и на воспалителните процеси. Ја подобрува циркулацијата, ја омекнува супата и испукана кожа на рацете, лактите и стапалата. Купката од морска сол не само што има повеќекратен позитивен ефект врз кожата, тука и на целиот човеков организам во целост. Одамна е потврдена големата сличност на составот на солената морска вода со човековата крвна плазма, а тоа говори и за благотворноста на купката со морска сол.

Ви предлагаме да прочитате: Која е најздрава: морска, калиумова или хималајска сол?

Сподели: