Лековито лижалче за болно грло

Лековито лижалче за болно грло

Знаејќи колку се тешки разубедувањата со најмилите, ви предлагаме решение кое се вика лековито лижалче за болно грло. Сигурно многу често се случува вашите деца да одбиваат терапија и да земаат таблети за шмукање кога се соочуваат со воспалено и болно грло?

Измамете ги и направете им лековито лижалче кое ќе го обожаваат, а воедно со тоа ќе им помогнете да ги надминат непријатностите во нивното грло без да знаат за тоа. Голем број од лековите кои се продаваат во аптеките не се целосно наменети за деца и тоа е една од причините да применувате природни лекови, се разбира доколку не е во прашање бактериска болест која бара лечење со антибиотици и медицински надзор. Децата едноставно ќе го обожаваат овој „лек“, а зошто не и возрасните? Еве го рецептот.

Лековито лижалче за болно грло

Состојки:

  • лековит природен чај без кофеин
  • 1 лажица мед
  • 200 мл свежо цедена лимонада
  • ½ лажица шеќер.

Подготовка:

  1. Чајот сварете го, па кога малку ќе се излади додадете го медот и половината лажица шеќер.
  2. Оставете го чајот целосно да се излади, па додадете ја свежо цедената лимонада.
  3. Промешајте добро и добиената смеса ставете ја во калап за лижалче или сладолед и ставете го во замрзнувач.
  4. Ако немате посебни калапи, слободно искористете го калапот за мраз, во кој ќе ставите стапчиња од сладолед или можете да искористите мала чаша од јогурт.

Сподели: