Лепче со моркови во плех 1

Лепче со моркови во плех

Уште еден супер рецепт од кујната на Лидија! На сите ни е позната нејзината умешност и креативност. Многу ни се допадна рецептот за ова лепче со моркови па со радост го споделуваме.

Се надеваме дека ќе ви се допадне како и нам што ни се допадна.

Лепче со моркови во плех 2

Состојки:

  • 50 гр квасец
  • 500 мл млака вода
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици мед
  • 4 моркови
  • 250 гр ржано брашно
  • 550 гр бело брашно.

Подготовка:

  1. Во сад се става квасецот се меша со млаката вода.
  2. Морковите се мијат, се лупат и се рендаат.
  3. Се додаваат и останатите состојки во садот со квасецот и убаво се меша со рачна маталка или меси додека убаво се соединат состојките, а ао матите со миксер со перки се мати 5 минути.
  4. Тестото се покрива и се остава да стои 30 минути.
  5. Плехот се мачка со путер или масло доколку сакате лепчето да биде посно. Тестото се става во плехот и со малку бршно, со рака се притиска да се оформи спрема тавата.
  6. Тестото се сечи на 16 парчиња и повторно се остава да нарасне за време од околу 30 минути.
  7. Се печи на 225 степени за време од 15-20 минути. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен леб со пршута и фстаци.

Сподели: