Лесна чорба од зеленчук 1

Лесна чорба од зеленчук

Нешто топло, лесно и со многу зеленчук! Сезоната за вкусни и едноставни рецепти е отворена, па да направиме домашна чорба од зеленчук. Густа, фина и богата!

Рецептот го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана, а веруваме дека ќе ви годи ако го пробате.

Може да ве интересира: Струмичка зеленчукова тава – Имам бајалди.

Лесна чорба од зеленчук 2

Состојки:

  • 1 средно голема главица кромид
  • 2-3 домати
  • 2 моркови
  • 3 компири
  • 1 мала шолја грашок
  • неколку свежи листови зелка
  • 1 и 1/2 лажица брашно
  • 1 лажица ситна црвена пипер
  • сол, црн пипер, темјан по желба.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и запржете го во малку масло.
  2. Доматите излупете ги, исечете ги на коцки и кратко запржете ги со кромидот.
  3. Додајте ги морковите и компирите, претходно исечени на коцки, грашокот, зелката.
  4. Додајте вода, додајте ги зачините и гответе додека омекнат. На крајот од варењето, додајте го брашното, претходно разматено со ладна вода.
  5. Варете ја чорбата уште кратко, па послужете ја додека е топла. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Шакшук – тава од зеленчук.

Сподели: