Лесни и брзи мазничиња со готови кори

Штом станува збор за месени специјалитети со готови кори кои секој може да ги направи, секогаш има место на sezahrana.mk. Ретко кој сака да меси и да тегни кори, па како најдобра алтернатива се рецептите со готови кори. Еве еден таков рецепт за лесни и брзи мазничиња со готови кори.

Рецептот ни доаѓа од кујната на Клара, а комбинацијата на состојки ветува дека ќе добите меки и сочни мазничиња со прекрасен фил од изварка.

мазничиња со готови кори

Состојки:

  • 500 гр готови кори за пита
  • 500 мл млака вода
  • 20 гр свеж квасец
  • 1/3 лажиче шеќер
  • 1 рамно лажиче сол
  • ½ чаша масло
  • 2 чаши брашно

Фил:

  • 500 гр изварка (урда) или сирење
  • 3 јајца.

Подготовка:

  1. Во млаката вода се раствора квасецот и се додаваат шеќерот, и малку брашно. Се остава 10 минути квасецот да нарасне. Се додава брашното, маслото и солта и се меша со помош на жица. Смесата треба да дојди малку погуста од онаа за палачинки.
  2. Изварката или сирењето се дроби и се меша со јајцата. Доколку има потреба се посолува.
  3. Се зема по еден лист од готовите кори и се премачкува со квасната смеса, насекаде и по рабовите со помош на четче. Се става од филот и се витка во ролна, па потоа во вид на мали мазничиња-пинерлии. Сирењето можи да го поставите покрај почетниот раб на кората или пак, да го распрскате насекаде низ кората.
  4. Така спремените мазничиња ставете ги во подмачкан плех, премачкајте ги со остатокот од смесата, покријте ги со кујнска крпа и оставете ги во топла просторија најмалку половина час или пак ако е поладно и 1 час да одстојат.
  5. Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени.
  6. Топлите печени мазничиња со готови кори, оставете ги кратко да се изладат, а потоа сервирајте ги со кајмак, кисела павлака, кисело млеко или јогурт. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви препорачуваме да прочитате: Мазник – вртена пита со мелено месо.

Сподели: