вишновка домашен ликер од вишни

Ликер од вишни – вишновка

Ова е еден од традиционалните рецепти за домашен ликер од вишни, кој уште е познат како вишновка, а низ годините се припрема во голем број на домаќинства низ Македонија.

Она што е карактеристично за овој ликер е тоа што се прави од вишни, шеќер и ракија, а потоа се остава 40 денови на сонце. Испробан рецепт за вишновка ни испрати Клара, за кој таа вели: „Мерките се варијабилни и се подесуваат спрема вкусот на конзументот. Тоа зависи колку сакате да ви е јак вкусот на ликерот и колку благ да биди. Во врска со вишните, прашав искусни домаќинки кои редовно го прават, па може да се направи и со смрзнати вишни”.

За приготвување на овој ликер најчесто доволни ќе ви бидат 500 грама вишни, 500 грама шеќер и 300 мл ракија. Но, количината на состојките е варијабилна во зависност од големината на шишето во која ќе ја припремата вишновката.

вишновка ликер од вишни

Состојки:

  • ¼ до 1/3 зафатнина од шишето вишни
  • ¼ до 1/3 зафатнина од шишето шеќер
  • помалку од 1 литар ракија.

Подготовка:

  1. Во чисто, празно шише или стаклена тегла ставете цели зрна вишни во висина од ¼ од шишето. Врз нив ставате исто толку шеќер, а ако не обожавате благи ликери, количината на шеќерот може да ја намалите.
  2. Шишето со вишни дополнете го со ракија. Протресете и оставете го да стои на сончев прозор 40 дена. Ништо страшно ако одстои и повеќе, толку поубаво.
  3. Кога ликерот е готов, вишните може да ги извадите од шишето по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Ви предлагаме да прочитате: Ликер од црвено вино.

Сподели: