Алкална храна за супер здравје и енергија

Кога во макробиотичката исхрана кога говори за јин и јанг намирници, се посветува внимание на влијанието за создавање на кисела или базна средина во нашиот организам. За да може да се одржи оптимално здравје, рН вредноста во крвта треба да биде благо базна од 7.35 до 7.45. Тоа може да се постигне преку алкална храна која го чува здравјето. 

Затоа, најдобро е основата на нашите оброци да биде балансирана,  односно да се консумираат намирници кои не предизвикуваат претерана киселост или преголема базност во организмот.

Секако, во оброкот можат да се вклучат и такви намирници, но треба да направиме рамнотежа и да не ги консумираме во голема количина или пак премногу често. За да се одржи здравјето, исхраната треба да се состои од 60% алкална храна и 40% кисела храна. А доколку се соочуваме со болест, 80% од храната треба да биде алкална, а 20% кисела.

алкална исхрана

Следната класификација на храната може да ви помогне да откриете кои намирници го прават организмот базен.

Намирници кои го прават организмот изразено базен

Намирници кои го прават организмот средно базен

Намирнци кои го прават организмот благо базен до неутреален

  • бадеми
  • артичоки
  • вишни
  • интегрален ориз
  • тофу
  • темпф
  • тамари
  • соино млеко
  • мисо
  • просо
  • амарант
  • хељда
  • киноа
  • костен
  • маслинки
  • маслиново масло
  • модар патлиџан
  • бамја
  • прокељ
  • краставици
  • домати
  • кромид
  • праз
  • мандарини
  • портокали
  • кокосов орев
  • козјо млеко
  • мед
  • печурки
  • морска сол
  • зачини
  • сусамово семе
  • жолчки од јајце (меко варени).

Ви предлагаме да прочитате: Едноставни совети за подобро здравје.

Сподели: