Ловор за добро здравје на стомакот и кожа без акни

Ловорот претставува симбол на мудрост, мир и слава. Уште во античко време луѓето знаеле за неговите лековити својства, па како резултат на голема лековитост ароматичнот ловор го посветиле на Богот на лековите Ескулап.

Тој е совршен додаток и зачин на голем број супи, чорби, јадења со месо или риба. Овој ароматичен зачин содржи голем број на состојки кои имаат позитивно влијание врз здравјето. Листовите на ловорот содржат значајни витамини и минерали, а особено е важно присуство на витаминот Ц, кој помага за да се неутрализираат слободните радикали во телото, со што се превенира појава на канцер и хронични заболувања. Покрај тоа, консумацијата на храна богата со витамин Ц, како што е ловорот помага за зајакнување на имуниот систем и побрзо заздравување на раните.

Покрај витамин Ц, свежите листови ловор содржат фолна киселина и витамин А. Овие витамини се значајни за здравјето на очите, одржување на кожата и превенција од настанување на канцер на белите дробови и устата. Присуството на витамините од Б групата, како што се ниацин, пиридоксин, пантотенска киселина и рибофлавин, помагаат во одржувањето на функцијата на нервниот систем и метаболизмот во телото.

ловор

Од минералните материи, ловорот содржи бакар, калиум, калциум, манган, железо, селен, цинк и магнезиум. Калиумот помага за правилна работа на срцето и одржување здрав крвен притисок. Железото е важно за создавање на црвените крвни клетки.

Овој зачин има активни компоненти како што се лимонен, линалол, еугенол и други, кои што го му даваат антисептини, антиоксидансни, дигестивни и антиканцерогени својства на ловорот. Чајот од ловор позитивно делува на стомакот, ги намалува подуеноста и грчевите.  Маслото од ловор се користи за масажи при ревматски болки, болки во мускулите и зглобовите, бронхит и симптоми на грип. Освен за подобро здравје на стомакот, ловорот помага за намалување на акните и ја освежува кожата.

Ви предлагаме да прочитате: Лековити лосиони од ловоров лист против акни и мозолчиња.

Сподели: