Лук наместо аспирин за силен имунитет во зима

Лук наместо аспирин за силен имунитет во зима

Изедете неколку чешниња од главица лук со супа или салата и спасете се од болести и слаб имунитет! Лукот се смета за најдобар природен лек против вируси и настинка, а неговите лековити состојки се познати со времиња.

Препорачано е лук да се јаде секојдневно, особено во зимскиот период кога настинките се честа појава. Содржи над 200 активни состојки, меѓу кои се наоѓаат витамините В6, тиаминот, витаминот С, а од минералите во најголеми количини се среќаваат манганот, селенот и калциумот.

Лук наместо аспирин за силен имунитет во зима

Состојките кои ги има во чешне или главица лук, како што е на пример аденозинот, имаат подобро дејството во споредба со аспиринот, а помагаат при тромбоза и згрутчувања,  така штосо редовна консумација се олеснува протокот на крв, се намалува високиот крвен притисок и маснотиите во крвта. Доволно е дневно да изедете две до три чешниња бел лук, за да се постигни неговото антитромбозно дејство.

Лукот е одличен антиоксиданс кој го зајакнува имуниот систем, го успорува стареењето на организмот и ја зголемува отпорноста спрема инфекции. Се смета за еден од најдобрите природни антибиотици, а особено е корисен во борбата против бактериите Escherichia coli и стафилококите. Исто така, се користи против бронхитис, грип и ги ублажува реуматичните болки.

Сподели: