магнезиум семиња

Магнезиум за силни коски и здрави мускули

Дали постојано се чувствувате иритабилно, слабо и исцрпено? Доколку ги осеќате овие симптоми може да имате недостаток на магнезиум.

За правилно функционирање на организмот, неопходни се магнезиумот, калиумот, калциумот и натриумот. Магнезиумот е значаен за голем број на метаболитички функции. Тој учествува во производството и транспортот на енергијата, важен е за контракција и релаксација на мускулите, а е вклучен и во синтеза на протеини. Телото не произведува магнезиум, па затоа потребно е секојдневно да се консумира храна која е богата со овој важен минерал.

Експертите препорачуваат да се консумира храна која е богата со магнезиум, затоа што магнезиумот:

  • влијае релаксативно врз нервите и мускулите
  • ги гради и зајакнува коските
  • одржува правилна циркулација на крвта.
магнезиум

Симптоми при недостиг на магнезиум

Магнезиумот има поголем број на улоги во организмот. Околу 60% од магнезиумот во телото се наоѓа во коските, 35% во скелетните мускули и срцевиот мускул, а мал дел во мозокот, бубрезите и црниот дроб. Како резултат на тоа, симптомите при недостиг на магнезиум во телото се различни:

  • слабост и грчеви во мускулите
  • меки и кршливи коски
  • главоболка
  • небалансирано ниво на шеќер во крвта
  • покачен крвен притисок
  • покачување на телесната тежина
  • депресија
  • недостаток на апетит.

Извори на храна која содржи висока количина на магнезиум

Зелениот лиснат зеленчук и јаткастите плодови се едни од најдобрите извори на магнезиум. За да ја зголемите количината на магнезиум во телото се препорачува почесто да консумирате:

Интегрален леб и интегрален ориз

Интегралните житарки се одличен извор на растителни влакна, витамини од групата Б, магнезиум, кои помагаат во превенција на голем број заболувања помеѓу кои и дебелината. Лебот направен од интегрално брашно има поповолно влијае врз здравјето во споредба со лебот припремен од бело брашно.

Семки од тиква и ладно цедено масло од тиква 

Малите зелени семки од тиква се богати и со магнезиум и цинк, кои се значајни за зајакнување на имунитетот и за намалување на симптомите на дијабетес. Семките може да ги користите како грицки, да ги додавате во јадења, печива, смуди и салати. Ладно цеденото масло од тиква содржи есенцијални минерали како магнезиум, бакар, манган, калиум, калциум, железо, цинк и селен. Имајќи ги во предвид сите хранливи вредности на ова масло, тоа е одлично за здравјето и негата на кожата, како и одржувањето на нормална клеточна структура. Маслото од семки од тиква може да го користите за зачинување на храната. Лесно е достапно на нашиот пазар, а го произведува македонската иновативна компанија Фила. Го има во различни паковања како ладно цедено масло од семки од тиква 100% од 250 мл и ладно цедено масло од сончоглед и тиква од 250 мл, а може да порачате и преку нивната онлајн продавница или да набавите од поголемите маркети и продавници за здрава храна. Покрај ладно цедените масла, може да ја посетите онлајн продавницата на Фила и да купите семки од тиква. Пробајте ги, не без причина се користеле како кралски лек низ вековите!

Грав и леќа

Белиот грав и леќата содржат големи количини на магнезиум. Така, доколку редовно внесувате доволни количини на грав и леќа ќе ги задоволите потребите на организмот за магнезиум, кој е важен минерал за извршување на голем број клеточни функции во организмот. Магнезиумот одржува електричен потенцијал низ нервите и мускулните мембрани со што помага во справување со стресот, а е неопходен и за здрави коски.

Покрај нив, добри извори на магнезиум од храната се:

Денешниот начин на живот е поврзан со зголемен стрес, затоа за подобро расположение и поздрав живот не прескокнувајте ја храната богата со овој значен минерал.

Ви предлагаме да прочитате: Употреба на ладно цеденото сусамово масло како лек и 10 негови здравствени придобивки.

Сподели: