Макарони со лут сос од домати 1

Макарони со лут сос од домати

За малку поинаков оброк со тестенини, не е потребно многу време, туку малку креативност! Овој пат зачинете ги вашите макарони со лут сос од домати. Мали промени во кујната прават голема разлика во радоста на дегустаторите!

Вака припремени макароните даваат асоцијација на летна свежина и лесен оброк, а зачините зборуваат дека ќе бидат вкусни за јадење. Еве како може да ги направиме.

Макарони со лут сос од домати 2

Состојки:

  • 320 гр макарони
  • 500 гр домати
  • 1 луто пиперче
  • 2 чешниња лук
  • 4 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • малку сол
  • 50 гр пармезан.

Подготовка:

  1. Ставете ги доматите во зовриена вода и оставете ги да стојат така околу 2-3 минути, а потоа излупете ги и исечете ги на мали коцки.
  2. Макароните ставете ги во зовриена и посолена вода и оставете ги да се варат 10-тина минути.
  3. Во меѓувреме, во тава загрејте го маслиновото масло и додајте ги исечканиот лук (внимавајте да не изгори) и лутото пиперче.
  4. Потоа во тавата додајте ги доматите и магдоносот, и оставете ги да се пржат 5 минути.
  5. Посолете по вкус.
  6. На крај, сервирајте ги макароните, а одозгора турете го сосот од домати и наросете со пармезан. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Брз сос од домати и босилек.

Сподели: