ќофтиња во сос

Мали шведски ќофтиња во сос со павлака

Се сеќавате ли на оние мали шведски ќофтиња, чиј рецепт го објавивме пред некое време? Е сега, токму со нив имаме интересен рецепт. Убаво приготвени ќофтиња во сос од павлака и путер.

Штом станува збор за шведската кујна, Лидија има големо искуство и вештини. Повеќе рецепти од неа може да прочитате и на блогот Slatki Tajni.

Пред да започнете со подготовка, добро прочитајте го рецептот за мали шведски ќофтиња, а потоа следете ги инструкциите за кремастиот сос од павлака, путер и сенф.

ќофтиња во сос

Состојки за сосот:

  • 50 грама путер
  • 3 лажици брашно
  • 600 мл вода
  • 1 до 2 коцки говедска супа
  • 250 мл неутрална павлака
  • 2 лажички соја сос
  • 1 лажичка сенф
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Ќофтињата се пржат во тавче. Кога се испржени, се вадат од тавчето и се ставаат во чинија.
  2. Маслото во кое се пржеле ќофтињата се цеди од грутчињата, а тавчето се чисти.
  3. Процеденото масло во кое се пржеле ќофтињата се враќа во тавчето и повторно се става на ринглата.
  4. Во него се додава путерот за да се растопи, а потоа и брашното. Се меша со жица за матење за да се добие хомогена смеса. Во садот се додаваат и останатите состојки и повторно се меша.
  5. Сосот се вари додека згусне, а на крај се зачинува со сол и мелен црн пипер.
  6. Во сосот се додаваат ќофтињата и се остваат да варат неколку минути. Готовите ќофтиња во сос се сервираат по желба со варени компири, тестенини, ориз и слично. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Мали шведски ќофтиња.

Сподели: