напиток за слабеење со мед и цимет

Напиток од мед и цимет за слабеење

За лековитите својства на медот сигурно сите знаат, но за здравствените придобивки од консумацијата на цимет малку се знае. Циметот го подобрува тенот, го намалува холестеролот, го забрзува протокот на крв, сојузник е на срцето, стомакот, цревата, а што е најважно, тој е најдобриот зачин за топење на мастите во организмот и еден од наједноставните природни состојки кои помагаат за намалување на килограмите. Комбинацијата мед и цимет ветува лесно и брзо слабеење. 

Така доаѓаме до темата која е многу актуелна овој период. Па, еве како може да го користите циметот за да го намалите вишокот на килограми. Тој може да го користите како додаток во јадењата и тоа по ¼ од мала лажичка во секој оброк. Друг начин е шеќерот да го заменете со цимет, потполно или делумно. А исто така може да направите напиток за губење на телесната тежина.

напиток за слабеење со мед и цимет

Напиток од мед и цимет за слабеење

Секое утре пред појадокот на празен стомак и навечер пред легнување напијте се од напитокот од мед и цимет. Ако го користите овој напиток редовно, ќе забележите дека килограмите постепено ќе се намалуваат, дури и кај лица кои многу тешко може да ослабат. Редовната употреба на овој напиток не дозволува акумулирање на мастите во телото.

Напитокот од мед и цимет се приготвува навечер пред спиење.

Состојки:

  • 200 мл врела вода
  • ½ лажичка цимет во прав
  • 1 лажичка мед.

Подготовка:

  1. Во чашата со врела вода додајте го циметот и измешајте, па покријте ја со мала чинија и оставете да стои за време од половина час.
  2. Потоа, во шолјата додајте го медот и измешајте.
  3. Половина од напитокот се пие пред спиење. Чашата се поклопува со мала чинија и се става во фрижидер. Наутро, на празен желудник се пие другата половина од напитокот со мед и цимет.

Во овој рецепт нема потреба да се додаваат други намирници. Најдобро е да се пие навечер пред легнување и наутро, за да има најдобри резултати. По неколку денови ќе забележите дека обемот на струкот се намалува, како и вишокот на килограми. Комбинацијата од мед и цимет помагаат за чистење на дигестивниот систем, ги отстрануваат габичките и другите бактерии кои го забавуваат варењето на храната во организмот. Штом организмот се исчисти, најверојатно и губењето на килограмите ќе се намали.

Ви предлагаме да прочитате: Витамински напиток за слабеење.

Сподели: