Меки американски палачинки

Сите обожаваат палачинки! Тие се одлични за појадок или за десерт во било кој период од денот. Може да се сервираат на различни начини со чоколаден крем, путер, овошје, мед, мармалад… Малите воздушни американски палачинки се разликуваат од палачинките кои сме навикнати да ги јадеме кај нас и ги обожаваме уште од детството, но токму поради тоа се и поинтересни.

Помали се и имаат структура која потсетува на пандишпан, па носат едно поинакво доживување на трпезата. Брзо се прават, а ние ги обожаваме!

меки американски палачинки

Состојки:

  • 2 ½ чаши брашно
  • 2 рамни лажици прашок за печиво
  • 2 лажици шеќер
  • 2 јајца
  • 2 чаши трајно млеко со 0,5% масти од Здравје Радово
  • ¼ чаша масло.

Подготовка:

  1. Брашното, прашокот за печиво и шеќерот ставете ги во длабок сад. Измешајте ги со жица за матење.
  2. Во друг сад ставете ги јајцата и изматете ги со виљушка. Изматените јајца додајте ги во садот со брашното и шеќерот.
  3. Во садот додајте ги двете чаши млеко и маслото. Убаво измешајте со жицата за матење за да се добие хомогена смеса.
  4. Во нелеплива тава на оган на умерена температура ставете малку масло да се загрее. Земете од смесата околу ¼ од чашата и турете ја во загреаната тава. Печете ги за време од 5 до 7 минути по страна. Штом на површината на палачинките забележите дека се појавиле меурчиња, превртете ги да се печат од другата страна.
  5. Печените американски палачинки, послужете ги со јаворов сируп, парче путер, мармалад или шеќер во прав по желба. Декорирајте го со замрзнати малини или друго овошје. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за посни американски палачинки.

Сподели: