Мелазма – пигментација на кожата! Зошто настанува и која храна помага да се ослободите од дамките?

Мелазмата е вид на хиперпигментација која често се јавува кај жените, особено за време и после бременост. Се јавува во вид на големи, темни подрачја како дисколорација на лицето, иако може да бидат зафатени и други делови од телото. Причините за појава на мелазма се различни.

Причини за појава на мелазма

Пигментот меланин ја одредува бојата на очите, косата и кожата. Одредени внатрешни и надворешни фактори, како што е изложување на сонце, генетика, хормонски промени, воспаленија и старосна доба може да влијаат на производството на меланин. Прекумерното производство доведува до појава на хиперпигментација, заради што настануваат темни дамки и неизедначен тен. Додека, недоволното производство, односно хипопигментација има спротивен ефект, со дамки без пигмент на зафатените подрачја.

мелазма флеки на кожата

Мелазмата е вид на хиперпигментација која се јавува на лицето, посебно образите, носот, челото и надусниците, а понекогаш и други делови на телото кои се изложени на сонце како што се подлактиците. Таа може да биде:

  • Епидермална мелазма – го зафаќа горниот слој на кожата, со кафеава хиперпигментација која е добро дефинирана.
  • Дермалната мелазма – го погодува длабоко нивото на дермисот и се карактеризира со плаво сиви точки.
  • Мешовита мелазма (комбинација од епидермална и дермална) – надворешно е видлива како кафеаво сиви пигменти. Заради длабината на меланинскиот пигмент кај дермалната и мешовитата мелазма, овие врсти може потешко да бидат третирани.

Меланоцитите кои претставуваат клетки кои произведуваат меланин, се лоцирани во најдолниот слој на епидермисот, се одговорни за појачаната епидермална пигментација кај мелазмата.

Во бременоста, ендогените хормони ги стимулираат меланоцитите, ги поттикнуваат да произведуваат повеќе меланински пигмент.

Која храна може да помогне за намалување на дамките?

Една од причините за појава на флеки на кожата е изложеноста на сонце. Затоа, при излегување носете капи кои освен лицето го штитат и вратот. Во исхраната внесете повеќе моркови, целер, домати и кајсии. Сите овие намирници ги содржат витамините А и Б, кои се потребни за зајакнување и заштита на кожата. Лицата кои имаат проблем и со акни треба да ја намалат консумацијата на мрсно, пржено и слатко. Комбинацијата од кожа склона кон акни и изложување на сонце, може да го влошат изгледот на кожата.

Нега и заштита на кожата

Слим Лајн Клуб ви нуди едно од многуте решенија. SLC Bright & Light Face Cream богат е со различни видови на билни екстракти кои помагаат постепено да се намали пигментацијата на кожата, целосно ја обновува и измазнува, правејќи ја мека и сјајна.

Овој крем е богат со различни билни екстракти кои помагаат постепено да се намали пигментацијата на кожата, целосно ја обновува и измазнува, правејќи ја мека и сјајна.

Придобивки:

  • Го намалува и спречува таложењето на меланинот
  • Ги отстранува и избелува дамките, пегите од кожата
  • Длабински ја регенирира и избелува кожата
  • Ја зацврстува кожата, ја прави мазна и сјајна.

Главни состојки:

Boerhavia diffusa root extract VC ethyl ether.

Употреба:

Кремот се нанесува на претходно измиена и сува кожа. Се нанесува на цела површина особено директно на дамките со 1-2 минутна масажа додека кремот не се апсорбира целосно. Се користи два пати на ден, наутро и навечер.

За повеќе информации и нарачки на SLC Bright & Light Face Cream посетете ја онлајн продавницата или јавете се на телефонските броеви 078 215 929 и 02 270 0028.

Се надеваме дека со соодветна заштита од сонцето, консумирање на храна богата со витамини А и Б, како и со правилна нега, значително ќе го подобрите изгледот на кожата и ќе ги намалите флеките.

Ви предлагаме да прочитате: Нов светски хит за чиста и негувана кожа!

Сподели: