палачинки со урда 1

Мини интегрални палачинки со урда и ким

Барете идеја за брз, здрав и вкусен појадок или ужина? Вие сте на вистинското место! Овој пат во нашата кујна креиравме вкусни, мини интегрални палачинки со урда и ким.

За подготовка на овој рецепт, инспирација ни беше нашата омилена урда. Има преубав млечен вкус, богата е со протеини, не содржи висок процент на сол, а и нема голема количина на вода. За да го надополниме вкусот додадовме малку ким и направивме совршено меки и сочни палачинки. Топло ви препорачуваме да ги пробате уште денес.

палачинки со урда 2

Состојки:

  • 1 чаша (250 грама) урда
  • ½ чаша (125 мл) млеко
  • 2 големи јајца
  • 2/3 чаша (100 грама) интегрално брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • сол по вкус
  • ким по вкус
  • малку ладно цедено сончогледово масло за печење.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги урдата и млекото. Измешајте ги со жица за матење.
  2. Жолчките одделете ги од белките. Жолчките ставете ги во садот со урдата и млекото и повторно измешајте.
  3. Брашното, прашокот за печиво, солта и кимот ставете ги во мал, длабок сад. Измешајте ги со лажица, а потоа додајте ги во садот со жолчките и урдата. Повторно измешајте.
  4. Белките ставете ги во подлабок сад и измешајте ги со чиста жица за матење додека се добие пенa од нив. По желба, може да ги изматите кратко време со миксер. Изматените белки додајте ги во садот со урдата и измешајте со лажица за да се соединат.
  5. Тавата за палачинки ставете ја да се загрее на оган на умерена температура. Загреаната тава премачкајте ја со малку ладно цедено масло. Потоа, со помош на црпалка формирајте мини палачинки во загреаната тава. Печете ги за време од една минута, односно додека се појават меурчиња на горната страна. Потоа превртете ги од другата страна и продолжете со печењето уште една до две минути.
  6. Готовите мини интергални палачинки со урда послужете ги со павлака, млечен намаз, зеленчук по ваш избор. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Солени мафини со спанаќ, сирење и кашкавал.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: