солени грицки со сирење 2

Мини срциња – солени грицки со сирење

На инспирација од нашата драга пријателка и авторка Невена, ние направивме еден малку поинаков рецепт за мини срциња. Обожаваме да мезиме со друштвото, па во една прилика направивме супер солени грицки со сирење кои одлично ни „легнаа“ со пивото. Пробајте, ќе уживате и вие!

Формата може да се менува по желба, како што сакате, а кога веќе ќе ги јадете заедно со некој кој го сакате, па што им фали да бидат срциња? – Да споделуваме вкусна љубов пријатели! А, ако сте љубители на грицки, може да ве интересира и 4 проверени рецепти за солени стапчиња – гризини.

Мини срциња - солени грицки со сирење 2

Состојки:

  • брашно по потреба (околу 300-350 грама)
  • 2 јајца
  • 200 гр рендано кравјо сирење
  • 200 гр путер
  • прстофат сол (по желба, зависно од тоа колку е солено сирењето).

За премачкување:

  • 1 јајце

За посипување:

  • сусам по потреба.

Подготовка:

  1. Во сад за месење ставете ги јајцата, па убаво изматете ги.
  2. Путерот испасирајте го со вилушка или друга алатка, а потоа додајте го во садот со матените јајца. Ако вие е тешко да го испасирате, прво исечете го на помали парчиња со нож, па потоа пасирајте го.
  3. Додајте го и ситно ренданото сирење и посолете уште малку по желба, па добро измешајте ја смесата. Потоа, постепено додавајте го брашното. Ние обично ја месиме со раце, затоа што така се постигнува најдобра еднаквост.
  4. Така припремената смеса развлечете ја во кора со дебелина околу половина см и со помош на мало калапче за срце оформете грицки. По желба може да ја менувате формата.
  5. Ставете ги да се печат во плех обложен со хартија за печење.
  6. Премачкајте ги со јајцето кое претходно добро сте го изматиле и посипете со сусам.
  7. Печете ги во загреана рерна на 200 степени 8-12 минути зависно од рерната, односно додека добијат убава нијанса.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 најздрави типови на сирење.

Сподели: