Миризлива свеќа од портокал за една минута

Наместо да купувате, за пократко од една минута направете си миризлива и интересна свеќа од портокал и маслиново масло. Брзо и лесно до декоративно миризливо радување!

Миризливите свеќи покрај тоа што служат како декорација, имаат и релаксирачко дејство. Доколку сте љубител на мирисот на портокал, а сакате да имате оригинален декоративен елемент во вашиот дом, тогаш ви предлагаме да го испробате нашиот предлог.

Подготовката на едноставната свеќа од портокал е многу лесна

Потребно ви е маслиново масло, портокал и кујнски нож. Исечете ја кората на портокалот по средината (најдобро погледнете го видеото), а потоа со помош на палецот внимателно одвојте ја кората и внатрешниот бел дел, кој потсетува на фитил. Во чашката од портокаловата кора и белиот дел ставете маслиново масло. Остатокот од кората може да го поставите врз свеќата која ја направивте. На тај начин, ќе изгледа декоративно и пламенот ќе биде затворен. Вака направената свеќа од портокал може да гори 6-8 часа, па запалете ја и уживајте!

Сподели: