млеко

Млеко – корисно и потребно за целото семејство!

И покрај бројните дилеми поврзани со млекото во исхраната, сериозните истражувања укажуваат на неопходноста од негово консумирање за потпора на целокупното здравје.

Во современото општество постојат бројни дилеми околу корисноста на млекото во секојдневната исхрана. Сепак, според бројните истражувања од страна на угледни професори и институции, млекото и млечните производи се од огромно значење на исхраната на човекот. Масните киселини, кои се главна компонента на липидите од млекото имаат позитивни ефекти на здравјето.

млеко здравје радово

Хранливи вредности од консумацијата на млеко и млечни производи

Млекото е исклучително важна храна затоа што покрај останатото содржи и значителен извор на калциум и фосфор, кои се неопходни за изградба на коските. Недостатокот на калциум може да доведе до појава на остеопороза.

Покрај тоа, млекото е важно за одржување на нормалниот срцев ритам, за функционирање на мускулите и нервите, зачувување на интелектуалната способност и засирување на крвта.

Млекото и млечните производи се важен дел во синџирот на урамнотежена исхрана за сите возрасти на луѓето поради хранливите вредности и разновидноста во составот кој има многу добар ефект на здравјето (www.mypyramid.gov).

Позитивните ефекти на млекото и млечните производи врз здравјето меѓу останатото се и следните:

  • Исхраната со млеко и млечни производи помага во изградбата и одржување на коскената маса во текот на животот и на тој начин го намалува ризикот од појава на остеопороза.
  • Консумирање на млеко и млечни производи е посебно важно за деца и млади, затоа што во тој период од животот се гради коскената маса.
  • Оброкот кој вклучува млеко и млечни производи вообичаено има поголеми хранливи вредности во однос на оној кој не содржи.

Во денешно време, потребите на современите семејства се повеќе раснат и стануваат специфични и хетерогени. Во суштина, потребно е да се пронајде соодветен производ кој ќе има прифатлива цена, квалитет, достапност и разноликост која одговара на различните потреби, а тоа во суштина може да биде млекото. При изборот на квалитетно млеко, значајно е да се знае неговото потекло. Млекара Здравје Радово на своите потрошувачи им нуди 100% млеко од Македонија преку својот широк асортиман на производи прилагодени на различните потреби. Во процесот на производство се користи внимателно одбрана и строго контролирана технологија и се користат беспрекорно безбедни суровини кои ја гарантираат безбедноста и квалитетот на производите.

*Комерцијален текст

Ви предлагаме да прочитате: 11 корисни совети за чување на млеко.

Сподели: