Напиток од банана и SLC шејк од ванила 1

Напиток од банана и SLC шејк од ванила

Време е за неодоливо вкусен напиток кој е испробан од многумина. Направете си извонредно уживање со SLC шејк од ванила. Полесно и побрзо не може да биде!

Нашите пријатели SlimLine Club имаат одличен предлог за брз и лесен рецепт со SLC Meal Replacement од ванила. Кога ќе го погледнете краткото видео ќе знаете дека е навистина лесно да се подготви ова вкусно уживање кое е добро за здравјето. Со една испиена чаша од вака припремениот напиток од банана и SLC шејк од ванила, ќе внесете само 200 калории, и тоа од нив 17 грама се протеини, а има 21 витамин и минерал во својот состав. Исто така, овој напиток ќе ви помогне на повеќе начини:

  • ја намалува желбата за храна
  • го регулира и намалува апетитот
  • го зголемува нивото на енергија
  • ја подобрува дигестијата
  • има низок гликемиски индекс
  • одличен е за имуниот систем.

Состојки:

  • 1 банана
  • 200 мл обезмастено млеко (со 1,5% млечни масти)
  • 2 лажици SLC Meal Replacement Vanilla (20 гр SLC Meal Replacement од ванила).

Подготовка:

  1. Се што треба да направите е да ја излупите бананата, малку да ја исечкате и да ја ставите во блендер.
  2. Додајте го млекото, а потоа и двете лажици од шејкот од ванила.
  3. Кратко блендирајте додека се добие шејк со изедначена конзистенција. Готовиот напиток може да го консумирате веднаш. Уживајте во краткото видео и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Рецепт за Vanilla Latte кафе со SLC Meal Replacement Vanilla.

Сподели: