Направете сами замка за комарци 1

Направете сами замка за комарци

Во лето обично се мачиме со разни и многу бубачки, а се чини дека комарците се најголеми штетници кои не нѐ оставаат на мира. Така, ако сакате мирно да седите на балконот или во дворот, ви предлагаме да ја направите оваа замка за комарци.

За комарците е битно да знаете неколку нешта. Тие не се семоќни како што често мислиме дека нема спас од нив и да, можно е да ги уловите и да се ослободите од нив, сакаат мрачни места и ги привлекува оваа смеса, чиј рецепт ви го откриваме подолу. А, во случај да ве каснале, прочитајте тука како полесно да се справите со чешањето од убодот.

Направете сами замка за комарци 2

За да направите сами замка за комарци потребно ви е:

  • големо пластично шише
  • 200 мл топла вода
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 1 гр квасец
  • селотејп или друг сличен лепак
  • стари весници.

Постапка:

  1. Врвот на шишето отсечете го (околу една третина од шишето), а потоа во него турете ги водата и шеќерот.
  2. Промешајте за шеќерот да се стопи и додајте го квасецот, па повторно промешајте.
  3. Отсеченото парче пикнете го во шишето со врвот на долу, а да не допира потполно до дното бидејќи комарците нема да можат да „паднат“ во стапицата.
  4. Потоа, горната површина на шишето каде што се споиле рабовите залепете ја со основата на шишето.
  5. Замотајте со весници за да стане темно и ставете ја замката во мрачен агол.

С ѐ што треба да правите е да чекате штетниците да ја пробаат, а вие на рајат да уживате надвор!

Ви предлагаме да прочитате: Ароматично и ефикасно средство против комарци.

Сподели: