Направете сами свој диетален режим

Популарните начини за слабеење кои ги имаме на располагање се диета, физичката активност, здравата исхрана… Но, пред се, треба да си го познаваме своето тело и да примениме свој диетален режим. Нашето тело меморира и памти, затоа му треба време за да ги научи новите навики и начини на функционирање. Наталожените маснотии не можеме целосно и засекогаш да ги отстраниме од нашето тело.

Јо-јо ефект

Оние што успеале да симнат по некој килограм најчесто се соочуваат со јо-јо ефект. Тоа значи дека за краток период откако ќе ја завршат диетата или режимот на исхрана, ги враќаат килограмите назад. Тогаш се полнат масните клетки и се создаваат нови. Кога ќе се вратите на секојдневниот начин на исхрана, масните клетки забрзано се создаваат, па на истиот начин се качуваат, односно враќаат старите килограми. За да се спречи ова, потребни се умерено консумирање храна и физичка активност.

диетален режим

Здрава диета

Првиот чекор што треба да го направите е да ја намалите исхраната или да почнете да се водите според некоја диета. Доколку се одлучите за првиот чекор, преполовете ги оброците што ги консумирате, така што ќе внесувате помалку храна. Ако решите да сте на построг режим на исхрана, може да изберете диета по калории, диета со зеленчук, протеинска диета, овошна диета или најдобро би било да се советувате со стручно лице од областа на храната.

Исто така, треба да имате на ум дека секоја диета не одговара на секого. Можеби зеленчуковата диета и помогнала на вашата пријателка, но не значи дека истото ќе се случи и со вас. Затоа, најпрво секој треба да ја пронајде својата идеална диета или начин на исхрана, така што да се чувствува сито, а и да нема прејадување.

Со новиот режим на исхрана што планирате да го започнете идеално би било доколку губите по 0,5 кг неделно. Има диети кои гарантираат и по 3 кг неделно, но тоа е стрес за организмот и затоа со прекинувањето на режимот се враќаат назад килограмите. Повеќе од половина килограм слабеење во текот на неделата е дозволено кај лица кои се прекумерни дебели.

Разновидна исхрана

Секогаш треба да знаете дека не треба да се водите според режим на исхрана кој нуди една иста храна. Дури и кога се топат килограмите треба да се јаде разновидна и свежа храна. Најдобрата диета е здравата животна исхрана, кога накратко гласи: обилен појадок, пристоен ручек и мала количина на храна за вечера. Значи да се јаде умерено!

Ви предлагаме да прочитате: 13 последици по здравјето од високо протеинска диета.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: