Направете украсна вазна од празно паковање од семиња 1

Направете украсна вазна од празно паковање од семиња

Како дел од практиката за подготвување на здрави оброци постојано набавуваме разни семиња,  па ни се насобраа повеќе празни паковања. Дел ги искористивме за складирање на кујнски материјали или намирници кои ги набавуваме рефус за да им најдеме соодветно место. При тоа, за време на една креативна работилница неодамна, добивме нова идеја. Направивме украсна вазна од празно паковање од миксот семиња. Присутните посетители на настанот беа воодушевени што ни потврди дека и нив им делува прекрасна како и нас!

Креирањето на нешто интересно со свои раце нуди големо задоволство, а посебно ако користите предмети кои сметате дека не ви се потребни и планирате да ги фрлите. Рециклажата и реупотребата на неоштетените предмети на денешно време е корисен тренд и добар начин за подигнување на свеста на креативен начин. Заштедете пари, уживајте во времето на сопствената креативност и секако споделете ја идејата со останатите!

Украсната вазна која можете да ја погледнете од фотографијата ја направивме со едно од паковањата на Фила семињата. Тие имаат широка палета на семиња и тоа обезмастено мелено црно семе 250 гр, обезмастени мелени семки од тиква 250 гр, обезмастено мелено чиа семе 250 гр, микс од четири семиња – лен, сусам, тиква, сончоглед 250г, обезмастено мелено ленено семе 250 гр, обезмастен мелен интегрален сусам 250 гр, ленено семе 250 гр, семки од тиква 250 гр. Така, со време ни се насобраа повеќе различни паковања и дел ги претворивме во креативни дела. Тие имаат пластично капаче и се погодни за да складирање во нив други суви состојки, на пример, брашно, зачини и слично, па за што ќе ги користите натаму останува на вашата желба и потреба.

Може да ве интересира: Здрава проја со семиња – без глутен.

Направете украсна вазна од празно паковање од семиња 2

Како да на направите украсната вазна од празно паковање?

  1. Прво отстранете го капачето.
  2. Од украсна хартија исечете поголем квадрат и поставете го празното паковање на средината, со отворот на горе.
  3. Со едната рака држете го паковањето, а со другата, започнувајќи од едниот агол, почнете да вовлекувате кон внатрешноста, така што ќе формирате украсни набори.
  4. Потоа, декорирајте со украсна мрежа и тоа заврзете ја по желба. Вашата декорација може да биде уникатна и не мора да биде иста со нашата. Бидејќи сме обожаватели на природните украсни, избравме украсната вазна да ја наполниме со суви гранчиња од нане, од кое претходно ги отстранивме ливчињата и направивме зачин. Можете да забележите колку убаво изгледа декорацијата, а и трае со месеци. По желба може да ставите друг украс во вазната. Ако сакате да биде потешка и постабилна, ставете во неа неколку камчиња, најдете и место во домот и уживајте во своето дело!

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен интегрален леб со четири семиња

Сподели: