шампон за мрсна коса

Направете шампон кој помага при мрсна коса

Имате тенка, мрсна коса, без волумен? Доколку уште не знаете како да се справите со мрсната коса, време е да ги примените следните совети и да си направите шампон кој сигурно ќе ви биде од голема корист.

Лицата кои се соочуваат со овој проблем, постојано барат начин за нивната коса да биде чиста и свежа. При мрсна коса, само по неколку часа од миењето, истата се прилепува за скалпот, нема волумен, а полесно се залепува прав и други нечистотии, со што се намалува сјајот.

Сигурно постојано ја миете, но другите луѓе немаат таков впечаток. А знаеме дека е навистина здодевно да се мие косата секој ден, и покрај тоа што не се препорачува од страна на докторите.

Причини за појава на мрсна коса

Мрсната коса се јавува како резултат на прекумерното лачење на себум од масните жлезди на скалпот. Себумот е природно масло, кое има улога да го заштити скалпот и влакната на косата од надворешни влијанија. Со овој проблем најчесто се соочуваат адолесцентите и жените, како резултат на промените на нивото на хормоните во телото. Покрај тоа, мрсната коса може да биде предизвикана и од честото миење на косата со агресивни шампони.

шампон за мрсна коса

Направете си шампон за мрсна коса

Овој едноставен трик ќе ви помогне да се ослободите од мрсната коса и да го вратите волуменот. Следен пат кога ќе ја миете вашата коса, во мал сад измешајте 2 лажици јаболкова киселина и 1 лажица сода бикарбона. Во садот додајте мала количина од шампонот кој го користите и повторно измешајте.

Со вака припремениот шампон, измијте ја косата како и обично. Уште при првиот третман ќе забележите дека вашата коса има поголем волумен, е полесна и помалку се мрси. Третманот со јаболкова киселина и сода бикарбона може да го применувате два пати неделно, во текот на првиот месец, а потоа може да го користите еднаш во неделата.

Сподели: