рецепт за домашен сок од портокал

Направете 3 литри домашен сок од портокал и 2 лимони

Евтин, вкусен и домашен сок од портокал и лимони! Направете 3 литри сок, од еден портокал и два лимони. Звучи неверојатно, додека не прочитате како. Не само што ќе добиете голема количина, туку оваа домашна варијанта е многу подобра од нејзините „конкуренти“ по маркетите, кои честопати содржат вештачки бои, конзерванси и други додатоци.

Рецептот е испробан во кујната на Лидија, која често го прави и во лето и во зима. Совет од нас: двојно зголемете ја количината на состојките и уживајте во фантастичниот вкус.

домашен сок од портокал

Состојки:

  • 3 литри ладна вода
  • 2 лимони
  • 1 портокал
  • 200 до 400 грама шеќер по желба

Подготовка:

  1. Лимоните и портокалите ставете ги во раствор од сода бикарбона и вода, и оставете ги да стојат за време од еден час за да се отстранат пестицидите. Постапката за подготовката на растворот, прочитајте ја тука.
  2. Потоа, добро измијте ги и ставете ги во замрзнувач за време од 12 часа.
  3. Извадете ги и оставете ги околу 5 минути да одмрзнат. Исечете ги со се лушпата на помали парчиња и бледирајте ги заедно до шеќерот за да се добие хомогена каша.
  4. Кашата измешајте ја со водата и оставете го садот околу 20 минути. Потоа сокот процедете го и ставете го шише. Чувајте го во фрижидер до служењето. Изладениот домашен сок од портокали и лимони турете го во чаши и послужете го. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Како да изберете најдобри портокали за цедење на сок?

Сподели: